Политика за поврат на средства
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот), доколку со Програмата не е поинаку одредено, според следната скала:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 30% од аранжманот
- за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето се наплатува 50% од аранжманот
- за отказ од 14 до 5 дена пред патувањето се наплатува 80% од аранжманот
- за отказ од 5 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето се наплатува 100% од аранжманот
Во случај на отказ на аранжман уплатен за време на попуст или специјални промоции на агенцијата (т.н. first minute, early booking и сл.) за кои цените важат единствено доколку се уплати износ од 30% или 50% до датумот на важност на попустот, уплатениот износ е нерефундабилен и не може да се искористи за друг тип на аранжман.
При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот и во Општите услови на патување.
При промена на цените (зголемување со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
Во случај на отказ на веќе потврдена „резервација на упит", организаторот ќе наплати отказни трошоци во висина на уплатената аконтација.
При пријавувањето и склучување на Договорот, Патникот потврдува дека е запознаен со Програмата и со Општите услови на патување и дека во целост ги прифаќа, со што Општите услови стануваат обврзувачки за Агенцијата и Патникот.