Политика за заштита на лични податоци
Политика за заштита на податоци се однесува на веб страната www.mytrip.mk, менаџирана од МАЈТРИП ДООЕЛ Битола, во понатамошниот текст како „Мајтрип" или „Ние", која ги користи вашите податоци. При пријавувањето и склучување на Договорот, Патникот изјавува – Изјавувам дека сум запознат со Програмата и со Општите услови на патување, и дека во целост ги прифаќам!
Со Политиката за заштита на податоци се утврдува правото на заштита за личните податоци кои се предмет на обработка, а кои вие ги оставате на веб страната. Со пристам на нашата веб страна вие се сложувате со политиката за заштита на лични податоци. Доколку не ја поддржувате оваа политика за заштита на лични податоци морате да ја напуштите веб страната.
Прибирањето и користењето на лични податоци на оваа веб страна е соогласно со законот за заштита на личните податоци.
1. Прибираме два видови на лични податоци, Лични податоци и Не-лични податоци кога:
- ја користите нашата веб страна
- се регистрирате или креирате профил
- ги примате и одговарате на нашите е-маил пораки
- ги контактирате нашите агенти за продажба
- доставувате податоци за да се вклучите во програми организирани од нашите бизнис соработници
- посетувате страници кои содржат наши реклами
- купувате туристички аранжмани преку нашата веб страна
- се поврзувате до нашата страна преку социјалните мрежи
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Лични податоци се оние податоци кој го идентификуваат крајниот корисник и кои истиот ги остава на нашата веб страна во случај кога креира профил или извршува резервација. Корисникот не е обврзан да се вклучува во активности за кои се неопходни личните податоци. Доколку се вклучи, должни сме да побараме одредени лични податоци: Име и Презиме, датум на раѓање, број на пасош, поштенска адреса, е-мејл адреса, телефонски број. Доколку не се обезбедат бараните податоци, корисникот нема да може да ја користи бараната услуга.
НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Не-лични податоци се податоци кои ги користиме, а не го идентификуваат корисникот. Не-личните податоци ги следат активностите на корисникот на нашата веб страна. Ние овие податоци можеме да ги прибереме преку Cookies или Пиксел тагови, според законот за заштита на лични податоци.
Сите податоци кои ги прибираме се користат добронамерно и помагаат во реализација и усовршување на начинот на нудење на нашите услуги. Корисникот во секое време има право да ја ограничи комуникацијата со МАЈТРИП преку блокирање на промотивните пораки или не прифаќање на колачињата.
Ние нема да ги споделиме вашите лични податоци освен во следните случаи:
- Испраќање податоци на бизнис соработници и партнери кои се неопходни за реализација на посакуваната услуга.
- Споделување податоци со трети лица — надворешни бизнис провајдери кои ги користиме за анализа и подобрување на понудите.
- При трансфер на бизнисот — во случај нашиот бизнис да биде купен или споен со друга фирма.
- За заштита на корисникот или на трети лица, можиме да споделиме податоци со овластени институции доколку тоа е предвидено со закон.
Приоритет во нашето работење е безбедноста на нашите клиенти. При внесување на платежни картички користиме SSL заштита, а податоците пристигнуваат енкриптирани.
Нашата веб страна е направена да услужува полнолетни лица. Со самото користење изјавувате дека сте полнолетно лице со наполнати 18 години.
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон. Податоците за корисниците се чуваат во рок од 30 дена од денот на поднесено барање за бришење.
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- право на пристап до личните податоци
- право на исправка и бришење на личните податоци
- право на ограничување на обработката на личните податоци
- право на приговор
За дополнителни информации или заштита на вашите лични податоци можите да нè контактирате преку е-маил: info@mytrip.mk.