Прескокни кон содржината
Париз во Октомври
Повлечи за повеќе слики
Франција ПРОМО

Париз во Октомври

Поаѓање29.10.2026
Враќање01.11.2026
Траење3 ноќи / 4 дена
Превоз Авионски аранжман✓ Вклучен во цената

Цена по лице

€479€529
Единечна соба: €629 / лице
Резервирај сега

Програма

ЧЕТВРТОК
СКОПЈЕ – ПАРИЗ

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:00 часот. Полетување кон Париз во 06:00 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. 
Пристигнување на аеродромот Буве (Beauvais) во 09:05 часот. По пасошката и царинската контрола следува организиран трансфер до хотелот за оставање на багажот.
Потоа продолжуваме со можност за пешачка тура со локален водич. Во попладневните часови следува сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

ПЕТОК
ПАРИЗ – ВЕРСАЈ – КРСТАРЕЊЕ ПО СЕНА

Појадок во хотел.

Дворец Версај
По појадокот можност за факултативна посета на величествениот дворец Версај, оддалечен околу 15 km од Париз. Дворецот е изграден од францускиот крал Луј XIV и претставува ремек-дело на уметноста од XVII век. Во разгледот не се вклучени градините. По завршувањето на посетата следува враќање назад кон Париз и слободно време во центарот на градот. Крстарење по Сена Можност за едночасовно крстарење по Сена и доживување на магијата на Париз од поинаква перспектива. Враќање во хотел. Ноќевање.

САБОТА
ЛУВР – АЈФЕЛОВА КУЛА

Појадок во хотел.

Музеј Лувр
По појадокот можност за факултативна посета на еден од најбогатите и најпознатите светски музеи – Лувр. Лувр околу 700 години бил резиденција на француските кралеви, сè до нивната преселба во Версај. Во музејот се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела, меѓу кои и светски познатата Мона Лиза.

Ајфелова кула
Во попладневните часови можност за индивидуална посета на Ајфеловата кула и уживање во прекрасниот панорамски поглед. Можност за искачување до третиот кат на ова уникатно архитектонско издание. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

НЕДЕЛА
ПАРИЗ – СКОПЈЕ

Појадок во хотел и одјавување.
Организиран трансфер до аеродромот Буве (Beauvais).
Полетување кон Скопје во 09:40 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air.
Слетување во Скопје во 12:25 часот.

Вклучено

Во цената е вклучено:

Лет и трансфери
Директен лет Скопје – Париз – Скопје со Wizz Air
Аеродромски такси
Мала кабинска торба 40 × 30 × 20 cm
Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
Сместување и организација
Сместување во хотел 3★
Услуга BB – ноќевање со појадок
Организирани прошетки според програмата
Организација на аранжманот
Придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:

Туристичка такса: 5 € по лице / ноќ – се плаќа во агенција
Доплата за еднокреветна соба: 150 €
Патничко осигурување
Билети за јавен превоз со метро – карнет за 10 возења
Пешачки разглед со локален водич – 25 €
Посета на Версај – 80 €
Крстарење по Сена – 25 €
Посета на Лувр – 45 €
Влезница за Ајфеловата кула – индивидуално, на лице место
Дизниленд – цена на влезница при уплата

Задолжително пријавување на две дополнителни екскурзии

Важна напомена за екскурзиите
Поради потребата од навремено резервирање на трансфери и влезници за наведените екскурзии, клиентите мора да се изјаснат за истите при резервација на патувањето.
Реализацијата на екскурзиите зависи од:
минимум 16 пријавени патници
достапност на влезници во моментот на резервација
Не се гарантира реализација доколку клиентот се одлучи за посета на лице место.
Реализацијата на основната програма не зависи од реализацијата на дополнителните екскурзии.

Забелешки

За реализација на аранжманот се потребни минимум 16 пријавени патници.
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот.
Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот во целост 5 дена пред датумот на започнување.
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците на локалитетите и музеите.
За време на панорамскиот разглед не се предвидени посети во внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен доколку тоа не е посебно наведено.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
Организаторот го задржува правото на промена на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како застој на граница, доцнење на лет, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.