Прескокни кон содржината
Бари
Повлечи за повеќе слики
Бари ПРОМО

Бари

Поаѓање05.03.2027
Враќање08.03.2027
Траење3 ноќи / 4 дена
Вид8-ми март
Превоз Авионски аранжман✓ Вклучен во цената

Цена по лице

€399€449
При двајца во соба. Сами: €549
Резервирај сега

Програма

05.03.2027 | ПЕТОК СКОПЈЕ – БАРИ

Состанок на групата два часа пред полетувањето. Полетување од Скопје во 16:50 часот. Слетување во Бари во 18:00 часот. По пасошките и царинските формалности следува организиран трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.

06.03.2027 | САБОТА БАРИ – ПОЛИЊАНО А МАРЕ – АЛБЕРОБЕЛО – БАРИ

Појадок. Предлог за денешниот ден е факултативна посета на Алберобело и Полињано а Маре.

Алберобело 
Алберобело е познат по своите уникатни камени куќички „трули“ со конусни покриви, кои претставуваат еден од најпрепознатливите примери на традиционалната архитектура во овој дел на Италија. Локалните жители ги граделе овие специфични камени куќи со техника без употреба на малтер, а нивната оригиналност и историска вредност им обезбедиле статус на светско наследство на UNESCO.

Полињано а Маре 
Полињано а Маре е едно од најпознатите крајбрежни гратчиња во Пуља. Камените улици, малите плоштади и морските пештери му даваат посебен шарм. Следува слободно време за прошетка и уживање во крајбрежната атмосфера. Во договорено време враќање назад во Бари. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

07.03.2027 | НЕДЕЛА БАРИ – МАТЕРА – БАРИ

Појадок. Предлог за денешниот ден е факултативна посета на Матера.

Матера 
Следува возење низ живописната природа до градот Матера, кој беше Европска престолнина на културата во 2019 година. Матера се наоѓа и на листата на светското наследство на UNESCO поради своите уникатни историски и архитектонски карактеристики. Градот е познат по старите камено издлабени живеалишта и по изгледот кој успеал да го зачува низ вековите. Следува слободно време за индивидуални активности и прошетка. Во договорено време враќање во Бари. Ноќевање 

08.03.2027 | ПОНЕДЕЛНИК БАРИ – СКОПЈЕ

Одјавување од хотелот. Последниот ден е наменет за Бари.

Разглед на Бари
Следува прошетка низ историскиот дел на градот. Ќе ја разгледаме Базиликата Св. Никола, каде се наоѓаат моштите на истоимениот светец. Ќе прошетаме низ тесните камени улички на стариот дел на Бари, каде може да се види традиционалната рачна подготовка на познатите тестенини Orecchiette. Следува слободно време за ручек, кафе и индивидуални прошетки. Во договорено време следува организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 18:35 часот. Слетување во Скопје во 19:45 часот.

Вклучено

Во цената е Вклучено:

Лет и трансфери
Авионски билет Скопје – Бари – Скопје со Wizz Air
Аеродромски такси
Рачен багаж до 10 kg
Организиран превоз аеродром – хотел – аеродром
Сместување и организација
3 ноќевања со појадок во хотел 4★ во Бари
Разглед на Бари со локален водич
Организација на аранжманот
Претставник од агенцијата

Во цената не е вклучено:

Предлог / дополнителни екскурзии
Алберобело + Полињано а Маре – 65 € по лице
Матера – 70 € по лице
Туристичка такса – 5 € по лице / ноќ
Патничко осигурување
Влезници за локалитети
Задолжително пријавување на една дополнителна екскурзија
Доплата за еднокреветна соба 150 €

Факултативни излети:

АЛБЕРОБЕЛО + ПОЛИЊАНО А МАРЕ
65 €
Во цената на екскурзијата се вклучени:
организиран превоз
локален водич
претставник од агенцијата
Посета на уникатното Алберобело со неговите познати „трули“ куќички и романтичното Полињано а Маре, сместено на карпи над морето.

МАТЕРА
70 €
Во цената на екскурзијата се вклучени:
организиран превоз
локален водич
претставник од агенцијата
Посета на еден од најстарите и најнеобичните градови во Италија, познат по својата древна архитектура и статусот на UNESCO светско наследство.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЕДНА ЕКСКУРЗИЈА
Пријавувањето за избраната екскурзија се врши при резервацијата на патувањето.

Забелешки

Важна напомена за екскурзиите
Клиентите треба да се изјаснат за дополнителните екскурзии при резервација на патувањето.
Реализацијата на екскурзиите зависи од бројот на пријавени патници.
Минимум 16 пријавени патници за реализација
Реализацијата на основната програма не зависи од реализацијата на дополнителните екскурзии.

Патни документи
За ова патување е потребен важечки пасош со важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот.

Начин на плаќање
Резервација
30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна уплата
Најдоцна 15 дена пред почетокот на патувањето.
Цените се изразени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс: 1 € = 62 денари.

Општи напомени
За реализација на аранжманот се потребни минимум 16 пријавени патници.
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот.
Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот во целост 5 дена пред датумот на започнување.
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците на локалитетите и музеите.
За време на панорамскиот разглед не се предвидени посети во внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен доколку тоа не е посебно наведено.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
Организаторот го задржува правото на промена на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како застој на граница, доцнење на лет, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.