
Неапол
Цена по лице
Цена по лице
Програма
05.03.2027 | ПЕТОК СКОПЈЕ – НЕАПОЛ
Состанок на групата на скопскиот аеродром. Полетување кон Неапол во 12:25 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во Неапол во 14:00 часот. По пасошката и царинската контрола следува организиран трансфер до хотелот. Сместување во хотел и слободно време за одмор. Во вечерните часови следува првото запознавање со Неапол со придружникот од агенцијата. Ноќевање.
06.03.2027 | САБОТА НЕАПОЛ – ПОЗИТАНО – АМАЛФИ
Појадок во хотел. По појадокот можност за факултативна посета на еден од најпознатите делови на италијанското крајбрежје – Амалфитанскиот брег. Брегот Амалфи е вклучен на листата на светското наследство на UNESCO како извонреден пример на медитерански пејзаж со голема културна и природна вредност.
Позитано и Амалфи
Во рамките на посетата ќе имате можност да уживате во дел од најпознатите места на брегот – Позитано и Амалфи, како и во автентичната атмосфера на малите крајбрежни населби. Ќе уживаме во прекрасните пејзажи, високите карпи, волшебните заливи и терасите со цитрусни овошја, лозја и маслинови дрвја. Регионот е познат и по продавниците за висока мода, локалните производи и занаетчиските работилници. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
07.03.2027 | НЕДЕЛА НЕАПОЛ – КАПРИ – НЕАПОЛ
Појадок во хотел. Препорачуваме факултативна посета на еден од најпознатите и најегзотични острови во Италија – Капри. Островот е познат по стрмните карпи, тиркизното море, легендарната Сина пештера, медитеранската вегетација и прекрасните пејзажи. Капри со векови ги привлекува уметниците, познатите личности и љубителите на автентичното италијанско доживување.
Патување до Капри
Следува возење со јавен трансфер до пристаништето, кој не е вклучен во цената, а потоа качување на катамаран кон островот Капри. По пристигнувањето во пристаништето Marina Grande, следува трансфер до Анакапри.
Анакапри
Можност за посета на Villa San Michele, позната по бројните антички артефакти и прекрасната градина. Исто така, постои можност за возење со жичарница до видиковецот Monte Solaro, од каде се пружа прекрасен поглед кон островот и Неаполскиот Залив. Следува слободно време за еспресо и традиционално италијанско корнето.
Град Капри
Продолжуваме кон градот Капри, сместен на околу 142 метри надморска височина. Разгледување на: Плоштадот Умберто I – Piazzetta Катедралата Св. Стефан Августовите градини Следува прошетка по главната улица со луксузни вили, хотели, ресторани и бутици на светски познати модни брендови.
Фараљони
Од видиковецот се пружа поглед кон познатите Фараљони, необичните карпи кои се еден од најпознатите природни симболи на островот. Следува слободно време за ручек во некоја од типичните таверни и уживање во убавините на Капри. Во попладневните часови враќање со брод, а потоа во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
08.03.2027 | ПОНЕДЕЛНИК НЕАПОЛ – СКОПЈЕ
Појадок во хотел и одјавување. Последниот ден е наменет за дополнително уживање во Неапол.
Пешачка тура низ Неапол
Препорачуваме пешачка тура низ градското јадро со локален водич, со можност да го запознаете стариот дел на градот и неговите историски знаменитости. Следува слободно време за традиционална наполитанска пица Маргарита, италијанско кафе и неизбежното џелато. Во договорено време следува организиран трансфер до аеродромот. Полетување кон Скопје во 14:35 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 16:05 часот.
Вклучено
Во цената е вклучено
Лет и трансфери
Директен лет Скопје – Неапол – Скопје со Wizz Air
Аеродромски такси
Мала кабинска торба 40 × 30 × 20 cm
Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром
Сместување и програма
Сместување во хотел 3★ на услуга BB
3 ноќевања со појадок
Организирани прошетки според програмата
Разглед на Неапол – пешачка тура
Организација на аранжманот
Придружник за време на патувањето
Во цената не е вклучено
Туристичка такса – 5 € по лице / ноќ – се плаќа во хотел
Доплата за еднокреветна соба – 100 €
Патничко осигурување
Екскурзија Позитано + Амалфи – 85 €
Екскурзија до Капри – 105 €
Јавен трансфер до пристаништето за екскурзијата до Капри
Индивидуални влезници и дополнителни активности за време на екскурзиите, доколку не се наведени како вклучени
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ЕДНА ЕКСКУРЗИЈА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА
За реализација се потребни минимум 16 пријавени патници.
Забелешки
За реализација на аранжманот се потребни минимум 20 пријавени патници.
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот.
Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот во целост 5 дена пред датумот на започнување.
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците на локалитетите и музеите.
За време на панорамските разгледи не се предвидени посети во внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен доколку тоа не е посебно наведено.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
Организаторот го задржува правото на промена на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како застој на граница, доцнење на лет, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.