
Малта
Цена по лице
Цена по лице
Програма
06.11.2026 | ПЕТОК
СКОПЈЕ – МАЛТА
Состанок на групата на скопскиот аеродром 2 часа пред летот. Полетување за Малта во 13:10 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во Малта во 15:00 часот. Следува организиран трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
07.11.2026 | САБОТА
МАЛТА – МДИНА – МОСТА – ВАЛЕТА
Појадок во хотел. Предлагаме факултативна посета на Валета и централна Малта.
Мдина – Тивкиот град
Се упатуваме кон стариот главен град на островот – Мдина, познат и како „Тивкиот град“. За време на прошетката низ тесните и живописни улички ќе дознаете интересни историски податоци за Малта. Од градските ѕидини се отвора прекрасен панорамски поглед кон голем дел од островот.
Моста
Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква Rotunda of St. Marija Assunta, изградена во XIX век по примерот на римскиот Пантеон. Црквата е позната и по необичен настан од Втората светска војна, кога била погодена со бомба тешка околу 200 kg, која го пробила покривот, но не експлодирала. Реплика од бомбата и денес се чува во црквата.
Валета
Во договорено време продолжуваме кон Валета на организиран разглед со локален водич. Разгледот овозможува запознавање со градот изграден од витезите на Св. Јован. Прошетката продолжува кон Upper Barrakka Gardens, од каде се отвора неверојатен поглед кон Grand Harbour.
St. John’s Co-Cathedral
Предвидена е и посета на Ко-катедралата St. John’s Co-Cathedral, дом на прочуеното дело на Caravaggio – „Обезглавувањето на Свети Јован“. Слободно време за индивидуални активности низ Валета. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
08.11.2026 | НЕДЕЛА
МАЛТА – ГОЗО
Појадок во хотел. Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо, познат и како Calypso’s Island.
Гозо е вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг.
Victoria / Rabat
Поаѓање во утринските часови кон главниот и најнаселен град на островот – Victoria, во минатото познат како Rabat.
Цитаделата
Главната атракција е историската Цитадела, која се наоѓа на возвишение и нуди панорамски поглед од 360°.
Првите остатоци на градот датираат уште од неолитот, а првата тврдина започнале да ја градат Феничаните, по што била проширувана од Римјаните.
Денешниот изглед го добила околу XVII век, кога била довршена од витезите на Малтешкиот ред.
На местото каде некогаш се наоѓале три цркви денес е подигната импресивна катедрала, а во близина се наоѓа и археолошки музеј.
Xlendi
Продолжуваме кон познатото крајбрежно селце Xlendi.
Слободно време за индивидуални активности.
Базилика Ta' Pinu
Ќе ја посетиме и базиликата Ta' Pinu, позната како место на чудата и локација со богата историја и големо духовно значење.
Во договорено време враќање во хотел.
Слободно време. Ноќевање.
09.11.2026 | ПОНЕДЕЛНИК
МАЛТА – MARSAXLOKK – СКОПЈЕ
Појадок во хотел. По појадокот следува можност за посета на Marsaxlokk.
Marsaxlokk
Marsaxlokk, се изговара „Марса-шлок“, во превод значи „јужно пристаниште“ и се наоѓа во југоисточниот дел на островот.
Тоа е најголемото рибарско село на Малта, познато по свежата риба, локалната атмосфера и живописно обоените традиционални чамци.
Големиот број шарени чамци создава препознатлива романтична медитеранска сценографија.
Blue Grotto
Се препорачува можност за тура со брод до познатите пештери Blue Grotto, една од најпознатите природни локации на Малта.
Слободно време за индивидуални активности.
Во договорено време следува трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 15:35 часот.
Слетување во Скопје во 17:15 часот.
Вклучено
Во цената е вклучено:
Лет и трансфери
Авионски билет Скопје – Малта – Скопје
Аеродромски такси
Мала кабинска торба 40 × 30 × 20 cm
Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром на Малта
Сместување и организација
Сместување во хотел 3★ на Малта
3 ноќевања со појадок
Туристички придружник од агенцијата за време на целото патување
Професионална организација на аранжманот
Во цената не е вклучено:
Доплата за куфер од 20 kg – цената се утврдува 2–3 дена пред тргнување
Туристичка такса – 2 € по лице / ден – се плаќа во агенција
Ручек за време на дополнителните екскурзии
Влезници во објекти и локалитети
Индивидуални трошоци
Патничко-здравствено осигурување
Дополнителни екскурзии:
ВАЛЕТА + ЦЕНТРАЛНА МАЛТА 55 €
Полудневна факултативна екскурзија која вклучува: организиран трансфер локален водич Во рамките на програмата се посетуваат Мдина, Моста и Валета, со разглед на дел од најпознатите историски и културни знаменитости.
ОСТРОВОТ ГОЗО 60 €
Целодневен факултативен излет кој вклучува: организиран трансфер брод локален водич Посета на Victoria, Цитаделата, Xlendi и базиликата Ta' Pinu.
MARSAXLOKK 30 €
Факултативниот излет вклучува: организиран трансфер придружник од агенцијата Посета на најпознатото рибарско село на Малта, со слободно време за индивидуални активности. Оваа факултатива е задолжителна.
MARSAXLOKK – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ФАКУЛТАТИВИТЕ ПРИ УПЛАТА НА АРАНЖМАНОТ!
Забелешки
Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупнот износ на аранжманот и копија од валиден пасош;
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника;
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.