Прескокни кон содржината
Малта
Повлечи за повеќе слики
Малта ПРОМО

Малта

Поаѓање27.11.2026
Враќање30.11.2026
Траење3 ноќи / 4 дена
ВидЕсенски патувања
Превоз Авионски аранжман✓ Вклучен во цената

Цена по лице

€339€399
При двајца во соба. Сами: €379
Резервирај сега

Програма

27.11.2026 | ПЕТОК СКОПЈЕ – МАЛТА

Состанок на групата на скопскиот аеродром 2 часа пред летот. Полетување за Малта во 13:10 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во Малта во 15:00 часот. Следува организиран трансфер до хотелот. Сместување во хотел и слободно попладне. Ноќевање.

28.11.2026 | САБОТА МАЛТА – МДИНА – МОСТА – ВАЛЕТА

Појадок во хотел. Предлагаме факултативна посета на Валета и Мдина .

Мдина – Тивкиот град
Се упатуваме на полудневен факултативен излет во централна Малта и посета на стариот главен град на островот – Мдина, познат и како „Тивкиот град“. За време на прошетката низ тесните и сликовити улички ќе дознаете интересни историски податоци за островот. Од градските ѕидини се отвора прекрасен панорамски поглед кон целиот остров.

Моста
Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква Rotunda of St. Marija Assunta, изградена во XIX век по примерот на римскиот Пантеон. Црквата е позната и по неверојатен настан од Втората светска војна, кога била погодена со бомба тешка околу 200 kg која го пробила покривот, но не експлодирала. Реплика од бомбата и денес се чува во црквата.

Валета
Во договорено време се упатуваме кон Валета на организиран разглед со локален водич. Разгледот ќе ви овозможи да ги откриете убавините на градот изграден од Витезите на Св. Јован. Прошетката води кон Upper Barrakka Gardens , од каде се отвора прекрасен панорамски поглед кон Grand Harbour .

St. John's Co-Cathedral
Предвидена е и посета на Ко-катедралата St. John's Co-Cathedral, дом на ремек-делото на Caravaggio – „Обезглавувањето на Свети Јован“. Слободно време за индивидуални активности низ прекрасната Валета. Индивидуално враќање назад во хотел. Ноќевање.

29.11.2026 | НЕДЕЛА МАЛТА – ГОЗО
Појадок во хотел. Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо – Calypso's Island , вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг.

Victoria / Rabat
Поаѓање во утринските часови со климатизиран автобус кон главниот и најнаселен град на островот – Victoria, во минатото познат како Rabat.

Цитаделата
Главна атракција е Цитаделата, која се наоѓа на возвишение од каде се отвора панорамски поглед на градот од 360°. Првите остатоци од градот датираат уште од неолитот, додека првата тврдина започнале да ја градат Феничаните, а подоцна ја продолжиле Римјаните. Денешниот изглед тврдината го добила околу XVII век, кога била довршена од витезите на Малтешкиот ред. Во минатото тврдината неколкупати била уништувана, па само мал дел од нејзината оригинална градба е зачуван. На местото каде некогаш се наоѓале три цркви денес е подигната импресивна катедрала, а во близина се наоѓа и археолошки музеј.

Xlendi
Продолжуваме кон познатото крајбрежно селце Xlendi . Слободно време за индивидуални активности. Базилика Ta' Pinu Ќе ја посетиме и базиликата Ta' Pinu, позната како „место на чудата“, со богата историја и големо духовно значење. Во договорено време враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

30.11.2026 | ПОНЕДЕЛНИК МАЛТА – MARSAXLOKK – СКОПЈЕ

Појадок во хотел. По појадокот се упатуваме кон Marsaxlokk.

Marsaxlokk
Marsaxlokk, се изговара „Марса-шлок“, а неговото име значи „јужно пристаниште“. Се наоѓа во југоисточниот дел на островот и претставува најголемо рибарско село на Малта. Неговиот шарм се крие не само во прекрасната локална гастрономија, туку и во романтичната сценографија со голем број живописно обоени чамци кои се нишаат на благите морски бранови.

Blue Grotto
Препорачуваме и можност за тура со брод до познатите пештери Blue Grotto, една од природните атракции на Малта кои вреди да се посетат. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време следува организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 15:35 часот. Слетување во Скопје во 17:15 часот.

Вклучено

Во цената е вклучено
Лет и трансфери
Авионски билет Скопје – Малта – Скопје
Аеродромски таксиМала кабинска торба 40 × 30 × 20 cm
Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром на Малта
Сместување и организација
Сместување во хотел 3★ на Малта
3 ноќевања со појадок
Туристички придружник од агенцијата за време на целото патување
Професионална организација на аранжманот

Во цената не е вклучено
Доплата за куфер од 20 kg – цената се утврдува 2–3 дена пред тргнување
Туристичка такса – 2 € по лице / ден – се плаќа во агенција
Валета и централна Малта – 55 €
Островот Гозо – 60 €
Marsaxlokk – 30 €
Ручек за време на факултативните излети
Влезници во објекти и локалитети
Индивидуални трошоци
Патничко-здравствено осигурување

Дополнителни екскурзии

ВАЛЕТА + ЦЕНТРАЛНА МАЛТА 55 €
Полудневен факултативен излет.
Во цената се вклучени:
организиран трансфер
локален водич
Во рамките на програмата се посетуваат Мдина, Моста и Валета.

ОСТРОВОТ ГОЗО 60 €
Целодневен факултативен излет.
Во цената се вклучени:
организиран трансфер
брод
локален водич
Посета на Victoria, Цитаделата, Xlendi и базиликата Ta' Pinu.

MARSAXLOKK 30 €
Факултативниот излет вклучува:
организиран трансфер
придружник од агенцијата
Посета на најголемото рибарско село на Малта.
Оваа факултативна посета е задолжителна.

Забелешки

·         Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупнот износ на аранжманот и копија од валиден пасош;
·         Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
·         Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
·         За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника;
·         За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
·         Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
·         Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
·         Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
·         За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
·         Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
·         Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.