
Истанбул
Цена по лице
Цена по лице
Програма
1. ДЕН ( ЧЕТВРТОК 22.10 ) - СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок со групата во однапред договорено место и време на Скопскиот меѓународен аеродром.
Чекираање на летот кон Истанбул. Летот е предвиден во 11:15 минути , слетувањето е предвидено за во 13:40 минути по локално турско време.
Пристигнување и трансфер од аеродромот Сабиха Гокче до хотел – СМЕСТУВАЊЕ.
По сместувањето слободно време за индивидуални активности и одмор, а во вечерните часови можност за најпознатиот факултативен излет – ТУРСКА вечер- во времетраење од 3 часовно крстарење по Босфор и можност да се доживее ноќната магија на Истанбул , осветелните мостови, палати, куќи… навистина неверојатна глетка која не се пропушта . Програмот е збогатен со ориентални танци, во друштво на звуците на автентичната турска музика, а сето тоа зачинето со превкусна традиционална вечера како и неограничено пиење на домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Ноќевање.
2. ДЕН (ПЕТОК 23.10) - ИСТАНБУЛ
* БАЛАТ
Утрото по појадокот се упатуваме кон најубавата и добро позната населба БАЛАТ , новата инстраграм сензација - место, каде имаме можност одблизу да ја доживееме магијата на инзвонредните куќи во разлижни бои кои што се единствени во таков стил и се добро препознатливи особено на оние кои гледаат турски серии. По разгледот на Балат се упатуваме кон Цариградската патријаршија.
* КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР
Крстарењето по босфор предствавува неизбежен дел од посетата во Истанбул. Во 90 минутно крстарење , ќе уживаме во погледот кон минатото и сегашноста , од модерни раскошни хотели , палати до приватни куќи. За враме на патувањето се поминува покрај прекрастана Долмабахче Палата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел.... незаборавно доживување , без кое престојот во Истанбул не е комплетен....
АЗИЈА посета на видиковецот Чамлица од каде што ќе видите прекрасна панорама на Истанбул и два бисери на Босфорот (Босфорскиот мост и мостот Султан Мехмед Фатих II).
Можност за одење до Тепеши Чамлица – видиковец и највисокиот врв на Истанбул, од каде што се нуди прекрасен поглед на европската страна на Истанбул. Слободно време. Враќање во Хотел, слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
3. ДЕН ( САБОТА 24.10) – ИСТАНБУЛ
По појадокот, Заминување кон замокот Долмабахче, сместен на брегот на Босфорот, каде што живееле последните 6 султани. Ататурк, турскиот воен командант, национален водач и основач на Турската Република и нејзин прв претседател, бил последниот што живеел таму. Починал во тој замок на 10 ноември 1938 година. Оттогаш замокот бил затворен и реставриран заедно со сите предмети и наследство и претворен во музејот што го знаеме денес.
ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ: Пловите со брод низ Мраморното море кон Принцеските острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: некогашната коњска кочија –Пајтон е заменета со електрични возила, со кој предлагаме да се возиме околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период… остров на кој императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир. Топло Ви Препорачуваме ручек во еден од многуте рибни ресторани, кои секогаш служат свежи морски плодови.
Враќање кон хотел, слободно време за индивидуални активности, време за одмор,Ноќевање.
4. ДЕН (НЕДЕЛА 25.10) - ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
По појадокот следува напуштање на собите во 8:30 часот. За оние кои го избрале факултативниот излет разград на СТАР ГРАД заедно со локалниот туристички водич се упатуваат кон посета на Сина џамија (нема вклучен влез), Капали чаршија, Аја софија ( нема вклучен влез), Хиподром, Хамамот на султан Хурем – не се влегува. За останатите кои нема да идат во посета на стар град - Слободно време се до 13:30 минути.
Состанок на групата во хотел во 13:30 минути и трансфер до аеродром. Чекирање на летот кон Скопје. Летото е во 17:15 минути , пристигнување во Скопје во попладневните часови по локално време во 16:40 минути.
Вклучено
Во цената е вклучено:
Комплетна организација од страна на агенцијата
Локален туристички водич
Авиoнски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје со авио компанијата PEGASUS
3 ноќевања со појадок во HOTEL GRAND HALIC GOLDENHORN 4*
Трансфер аеродром – хотел - аеродром
Рачен багаж до 3 kg (40x30x15cm)
Авионски такси
Во цената не е вклучено:
Задолжителна туристичка такса(3 - евра по ноќ, по лице,паќање во хотел) - 9 евра
Индивидуални трошоци
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
ДОПЛАТА за Куфер од 20 кг (чекиран) + рачен багаж ( со димензии 55x40x23) 8кг. – 100 евра
Здравствено патничко осигурување – 500 денари
Факултативни излети:
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР– 30€
ДОЛМАБАХЧЕ ПАЛАТАТА– со лиценциран водич – 55€
ТУРСКА ВЕЧЕРА НА БРОД – 3 часовно крстарење, со вклучени традиционални турски јадења и неограничен пијалок – 50€
Разглед на стариот град на Истанбул – со лиценциран водич – 25€
Разглед на Азија со лиценциран водич – 35€
Принцески острови – BUYUKADA – 35€
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ МИНИМУМ 2 ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ ПО ИЗБОР.
ПАКЕТ СО СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ – 200€
***Агенцијата го задржува правото на промена на програмот, како и редоследот на посети по денови, во било која ситуација и од било кои причини или околности кои би претставувале пречка за реализација на истиот. Истиот ќе биде реализиран веднаш во првата ситуација кога за тоа ќе има можност.
Забелешки
Задолжителна проверка на пасошот.
Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција и да е од новите пасоши со Р.С.Македонија.
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.
За сингл соба се доплатуваат 40 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
СЕКОЈ ПАТНИК ИМА ПРАВО НА РАЧЕН БАГАЖ.
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Организаторот на патувањето е одговорен за реализација на факултативните излети и програмата и истиот може да го промени редоследот на факултативните излети или да ја откаже реализацијата и да направи соодветна промена или замена за факултативен излет на некои од нив зависно од временските услови или од несакани ситуации како забрана за движење на определени места во одреден период.