
Барселона
Цена по лице
Цена по лице
Програма
(29.12.2026 - вторник) - СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 10:20 часот. Полетување за Барселонa во 12:20 ч. Пристигнување во Барселона во 15:15 часот. Трансфер до хотелот и сместување.Краток одмор и можност за прво запознавање со градот. Ноќевање.
(30.12.2026 – среда ) - БАРСЕЛОНА (ГОТСКИ КВАРТ, ВЕЧЕР СО ФЛАМЕНКО )
Појадок во хотел. Можност за организирање екскурзија – пешачка тура низ Готската четврт. Да ја истражиме историјата на стара Барселона низ шармантните улици на Готската четврт – срцето на градот и место каде што се испреплетуваат уметноста, историјата и локалната култура. За време на оваа пешачка тура, ќе ја запознаете Катедралата во Барселона (симбол на духовноста и готската култура), познатата концертна сала „Палау де ла Музика Каталана“ и црквата „Санта Марија дел Мар“, ќе прошетате по најпознатата пешачка улица „Ла Рамбла“ и ќе откриете многу повеќе.Слободно време или можност за индивидуална посета на најпознатото дело на Гауди, паркот Гуел, кој е едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и место каде најдобро се реализираат неговите идеи за единството на уметноста и природата. Во вечерните часови, можност за вечер со фламенко – фантастичен настап на танчари и гитаристи, придружен со пијалаци. Индивидуално враќање во хотелот.Ноќевање.
(31.12.2026 – четврток ) - БАРСЕЛОНА (ТРИТЕ ПАРКА, САГРАДА ФАМИЛИЈА)
Појадок во хотел. Можност за организирање – Цитадела (Ciutadella), Тибидабо и Пуебло Еспањол (Pueblo Español – Шпанското село), како и до Саграда Фамилија. Сиудадела претставува спој на природа, фонтани, езера, зоолошка градина и уметнички скулптури.. Со оваа екскурзија ќе се запознаете со најзначајното дело на славниот Антонио Гауди – Саграда Фамилија, величествена базилика и еден од симболите на Барселона (групна посета на внатрешноста не е вклучена). Посета на Тибидабо, местото каде што, според легендата, се сретнале ѓаволот и Бог. Потоа следи посета на Пуебло Еспањол, уникатно село во шпански стил кое ја прикажува архитектурата, традицијата и уметноста од сите делови на земјата; овде ќе видите сè на едно место, без да ја напуштите Барселона. Индивидуално враќање во хотелот.Слободно време. Дочек на Нова Година на некој од плоштаиде во Барселона (индивидуално). Ноќевање.
(01.01.2027 - петок) - БАРСЕЛОНА – ЖИРОНА , ФИГЕРАС (МУЗЕЈОТ НА САЛВАДОР ДАЛИ)
Појадок во хотел. можност за организирање факултативен излет до Жирона и музејот на Салвадор Дали. Откријте ги двете уметнички страни на Каталонија: средновековната елеганција на градот Жирона и надреалниот свет на Салвадор Дали во градот Фигерас. Жирона е град со зачувани ѕидини и недопрен еврејски кварт, шаренолики куќи покрај реката Оњар и познати локации од серијата „Игра на троновите“. Патувањето продолжува кон Фигерас, родното место на големиот уметник Салвадор Дали, каде што ќе го посетите најексцентричниот музеј во Шпанија – место каде што уметноста и имагинацијата немаат граници. Враќање во Барселона. Слободно време. Ноќевање.
(02.01.2027 – сабота ) - БАРСЕЛОНА - АКВАРИУМ - СКОПЈЕ
Појадок во хотел. Одјавување од хотел. За денешниот ден, имате слободни активности или можност за факултативна посета на Аквариумот (http://www.aquariumbcn.com/en) – еден од најголените и најубавите аквариуми во Европа. Индивидуално враќање во хотел. Трансфер до аеродормот во Барселона.Полетување за Скопје во 16:15 часот, пристигнување на скопскиот аеродром во 19:00 часот локално време.
Вклучено
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
Директен лет на релација Скопје – Барселона – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
Аеродромски такси
Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;
Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром;
Сместување во хотел Hotel Best Auto Hogar 3* (во центарот на градот);
Претставник од агенцијата;
Организација и реализација на аранжманот
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
Разглед - Готскиот кварт - 35 €
Екскурзија – ТРИТЕ ПАРКА (Цитадела, Тибидабо и Пуебло Еспањол (Шпанското село) - 65 €
Екскурзија – Жирона, Фигерас (мусејот на Салвадор Дали) - 85 €
Посета на Парк Гуел (влезница) - 28 €
Фламинко шоу со пијалок - 45 €
Аквариум (влезница и претставник од агенција) - 45 €
Чекиран багаж, цена 3-4 дена пред полетување
Туристичка такса се плаќа во агенција – 5 € по лице на ден,
Доплата за еднокреветна соба 236 €
Билети за јавен превоз со метро
Патничко осигурување
Патничко осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО (информации во агенција).
Задолжително минимум две дополнителни екскурзии - пријавување во агенција
Забелешки
Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ