
Мадрид
Цена по лице
Цена по лице
Програма
09.10.2026 | ПЕТОК
СКОПЈЕ – МАДРИД
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:50 часот. Полетување кон Мадрид во 16:50 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air.
Пристигнување на аеродромот во Мадрид во 20:40 часот. По пасошката и царинската контрола следува организиран трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.
10.10.2026 | САБОТА
ХАБСБУРШКИ МАДРИД
Појадок во хотел. По појадокот можност за организирана пешачка тура со локален водич, која го опфаќа таканаречениот Хабсбуршки Мадрид. Овој дел од градот е создаван главно во XVI и XVII век, иако за време на турата ќе се видат и места кои се изградени подоцна. Пуерта дел Сол. Разгледот започнува од Puerta del Sol, еден од најпознатите плоштади во Мадрид, каде традиционално се дочекува Новата година. Плаза Мајор и Mercado de San Miguel Продолжуваме кон Plaza Mayor, познат по историските настани и првите „официјални“ борби со бикови во Мадрид. Следува Mercado de San Miguel, како и најстариот ресторан во градот – Botín. Прошетката продолжува по улицата Mayor, место поврзано со еден од првите масовни атентати во историјата на Шпанија. Катедрала Алмудена и Кралска палата
Продолжуваме до Катедралата Алмудена, каде во зависност од тоа дали во моментот се одржува миса, можна е и посета на внатрешноста. Следува разглед на Кралската палата, најголемата палата во Западна Европа, споменикот на Филип IV и Кралската опера. По завршување на пешачкиот разглед следува слободно време за индивидуални активности. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
11.10.2026 | НЕДЕЛА
МАДРИД – ТОЛЕДО
Појадок во хотел.
За денешниот ден предвидена е можност за факултативна посета на Толедо. Регионот е познат по жолтите пченични полиња, осамените замоци, ветерниците и приказната за Дон Кихот.
По приближно едночасовно возење пристигнуваме во Толедо – старата престолнина на Шпанија и еден од најубавите градови во земјата.
Панорама на Толедо
Предвидена е панорама од брегот на реката Тахо, со поглед кон градот и палатата-тврдина Алказар.
Стариот град
Следува прошетка низ стариот град, познат по бројните градби кои претставуваат прекрасни примери на мавританската и средновековната архитектура во Шпанија. Толедо е познат и по традиционалното производство на марципан.
Катедралата во Толедо
Обиколка на готската Catedral de Toledo, градена во периодот од XIII до XV век. Посета на олтарот и ризницата, каде се наоѓаат дела и апостолати на Ел Греко. Во договорено време враќање назад во Мадрид. Ноќевање.
12.10.2026 | ПОНЕДЕЛНИК
МАДРИД – СКОПЈЕ
Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности во Мадрид. Предлагаме прошетка по познатата трговска улица Gran Vía или посета на главниот градски парк – Retiro. Во паркот се наоѓа величествениот споменик на Алфонсо XII, како и прекрасните Palacio de Velázquez и Palacio de Cristal. Индивидуално враќање во хотел. Во договорено време следува организиран трансфер до аеродромот.
Полетување кон Скопје во 21:25 часот.
Пристигнување на скопскиот аеродром во 00:50 часот.
Вклучено
Во цената е вклучено:
Лет и трансфери
Директен лет Скопје – Мадрид – Скопје со Wizz Air
Аеродромски такси
Мала кабинска торба 40 × 30 × 20 cм
Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром
Сместување и организација
Сместување во Compostela Suites Madrid 3★
3 ноќевања со појадок
Организирани прошетки според програмата
Организација на аранжманот
Придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
Туристичка такса: 5 € по лице / ноќ – се плаќа во агенција
Доплата за еднокреветна соба: 148 €
Патничко осигурување
Билети за јавен превоз со метро
Пешачки разглед со локален водич – 35 €
Посета на Толедо со организиран трансфер и локален водич – 85 €
Задолжително пријавување на минимум една факултатива во агенција
Забелешки
Општи напомени:
Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ