
Мадрид
Цена по лице
Цена по лице
Програма
11.12.2026 | ПЕТОК
СКОПЈЕ – МАДРИД
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 15:05 часот. Полетување кон Мадрид во 17:05 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во Мадрид во 20:45 часот. По пасошката и царинската контрола следува организиран трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.
12.12.2026 | САБОТА
МАДРИД – ХАБСБУРШКИ МАДРИД
Појадок во хотел. По појадокот можност за организирана пешачка тура со локален водич, која го опфаќа таканаречениот Хабсбуршки Мадрид. Овој дел од градот бил создаван главно во XVI и XVII век, иако за време на турата ќе видиме и места кои потекнуваат од подоцнежни периоди.
Puerta del Sol
Разгледот започнува од Puerta del Sol, плоштадот каде традиционално се дочекува Новата година.
Plaza Mayor
Продолжуваме кон Plaza Mayor, каде се одржале првите „официјални“ борби со бикови во Мадрид, како и бројни други историски настани.
Mercado de San Miguel и Botín
Следува прошетка кон пазарот Mercado de San Miguel и најстариот ресторан во градот – Botín. Продолжуваме по улицата Mayor, поврзана со еден од првите масовни атентати во историјата на Шпанија.
Алмудена и Кралската палата
Потоа се упатуваме кон Катедралата Алмудена. Во зависност од тоа дали во моментот има миса, можна е посета на внатрешноста. Следува разглед на Кралската палата, најголемата палата во Западна Европа, споменикот на Филип IV и Кралската опера. По завршувањето на пешачкиот разглед следува слободно време за индивидуални активности. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
13.12.2026 | НЕДЕЛА
МАДРИД – ТОЛЕДО
Појадок во хотел. За денешниот ден е предвидена можност за факултативна посета на Толедо. Регионот е познат по жолтите пченични полиња, осамените замоци, ветерниците и приказната за Дон Кихот. По приближно едночасовно возење пристигнуваме во Толедо – старата престолнина на Шпанија и еден од најубавите градови во земјата.
Панорама на Толедо
Предвиден е панорамски поглед од брегот на реката Тахо, со прекрасна панорама кон градот и палатата-тврдина Алказар.
Стариот град
Следува прошетка низ историскиот центар, познат по бројните градби кои претставуваат прекрасни примери на мавританската и средновековната архитектура. Толедо е познат и по традиционалното производство на марципан.
Катедралата во Толедо
Обиколка на готската Catedral de Toledo, градена во периодот од XIII до XV век. Предвиден е разглед на олтарот и ризницата, каде се наоѓаат дела и апостолати на Ел Греко. Во договорено време враќање назад во Мадрид. Ноќевање.
14.12.2026 | ПОНЕДЕЛНИК
МАДРИД – СКОПЈЕ
Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности во Мадрид. Предлагаме прошетка по познатата трговска улица Gran Vía или посета на главниот градски парк – Retiro. Во паркот се наоѓа величествениот споменик на Алфонсо XII, како и прекрасните Palacio de Velázquez и Palacio de Cristal. Индивидуално враќање во хотел. Во договорено време следува организиран трансфер до аеродромот. Полетување кон Скопје во 21:25 часот. Пристигнување на скопскиот аеродром во 00:50 часот.
Вклучено
Во цената е вклучено:
Лет и трансфери
Директен лет Скопје – Мадрид – Скопје со Wizz Air
Аеродромски такси
Мала кабинска торба 40 × 30 × 20 cm
Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром
Сместување и организација
Сместување во хотел 3★
3 ноќевања со појадок
Организирани прошетки според програмата
Организација на аранжманот
Придружник на патувањето
Во цената не е вклучено
Туристичка такса: 5 € по лице / ноќ – се плаќа во агенција
Доплата за еднокреветна соба: 105 €
Патничко осигурување
Билети за јавен превоз со метро
Пешачки разглед со локален водич – 35 €
Посета на Толедо со организиран трансфер и локален водич – 85 €
Задолжително пријавување на минимум една факултатива во агенција
Важна напомена за факултативите
Поради потребата од навремено резервирање на трансфери и влезници за наведените факултативи, клиентите мора да се изјаснат за истите при резервација на патувањето.
Реализацијата на факултативите зависи од:
минимум 16 пријавени патници
достапност на влезници во моментот на резервација
Не се гарантира влез доколку клиентот се одлучи за факултативна посета дури на лице место.
Реализацијата на основната програма не зависи од реализацијата на факултативните посети.
Забелешки
Цените се по лице за сместување во двокреветни соби. За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ... Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена. Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. При отказ на резрвација од страна на клиентот, од било каква причина, ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 денари. Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање. Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка. За овој аранжман важат општите услови за патување