
Барселона
Цена по лице
Цена по лице
Програма
14.11.2026 | САБОТА
СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:35 часот. Полетување за Барселона во 12:35 часот. Пристигнување во Барселона во 15:30 часот. По пристигнувањето следува организиран трансфер до хотелот и сместување. Во попладневните часови препорачуваме индивидуална посета на Шпанскиот плоштад и Магичните фонтани. Ноќевање.
15.11.2026 | НЕДЕЛА
БАРСЕЛОНА – ПЕШАЧКИ РАЗГЛЕД – PARK GÜELL
Појадок во хотел. Пешачки разглед на Барселона
Предвидена е можност за организиран пешачки разглед низ Готскиот кварт – Barri Gòtic, историското срце на Барселона. Квартот е познат по лавиринтот од тесни средновековни улици, римските остатоци и живописните плоштади. Се наоѓа во областа Ciutat Vella, помеѓу La Rambla и Via Laietana. За време на разгледот ќе имаме можност да видиме дел од најпознатите знаменитости: Катедралата во Барселона
Plaça Reial
Еврејскиот кварт – El Call
Sagrada Família
Потоа со метро се упатуваме кон катедралата Sagrada Família, едно од најпрепознатливите дела на Антони Гауди. Слободно време за фотографирање, кафе-пауза и ручек.
Park Güell
Во попладневните часови е предвидена можност за индивидуална посета на Park Güell. Паркот е едно од најпознатите ремек-дела на Antoni Gaudí и место каде неговата идеја за единството на уметноста и природата доаѓа до полн израз. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
16.11.2026 | ПОНЕДЕЛНИК
ЦИТАДЕЛА – ШПАНСКО СЕЛО – ТИБИДАБО – ФЛАМЕНКО
Појадок во хотел. Денешниот ден е предвиден за можност за факултативна посета на три од најпознатите паркови и атракции во Барселона.
Парк Цитадела
Посетата започнува со Паркот Цитадела, еден од најпознатите зелени простори во градот.
Шпанско село
Потоа се упатуваме кон Шпанското село, музеј на отворено создаден во првата половина на XX век. Комплексот бил создаден како изложба чија цел била да ги прикаже основните архитектонски карактеристики и разновидноста на различните региони во Шпанија.
Тибидабо
За крај се упатуваме кон Тибидабо, од каде се отвора еден од најубавите панорамски погледи кон Барселона. По приближно 6-часовната обиколка следува слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел со метро.
Фламенко вечер
Во вечерните часови можност за организирана факултативна Фламенко вечер. Ќе имате можност да уживате во автентично фламенко шоу и уникатната шпанска атмосфера. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
17.11.2026 | ВТОРНИК
БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки и последно уживање во Барселона. Во договорено време следува организиран трансфер до аеродромот.
Полетување за Скопје во 16:00 часот. Пристигнување во Скопје во 18:45 часот.
Вклучено
Во цената е вклучено:
Лет и трансфери
Авио билет Скопје – Барселона – Скопје
Рачен багаж до 8 kg
Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром
Сместување и организација
Сместување во Hotel Best Auto Hogar 3★
Хотел во централно подрачје
3 ноќевања со појадок
Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
Организација на аранжманот
Придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
Чекиран багаж – цената се утврдува 3–4 дена пред полетување
Туристичка такса – 5 € по лице / ден – се плаќа во агенција
Билети за јавен превоз со метро
Патничко осигурување
Доплата за еднокреветна соба – 120 €
Организиран разглед на Барселона со локален водич – 35 €
Посета на парковите Цитадела, Шпанско село и Тибидабо – 80 €
Индивидуална посета на Park Güell – 28 €
Фламенко шоу со пијалок – 55 €
Задолжително пријавување на две факултативни посети
Забелешки
Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ