Прескокни кон содржината
Прага
Повлечи за повеќе слики
Чешка ПРОМО

Прага

Поаѓање11.12.2026
Враќање14.12.2026
Траење3 ноќи / 4 дена
ВидChristmas Market
Превоз Авионски аранжман✓ Вклучен во цената

Цена по лице

€379€449
Единечна соба: €481 / лице
Резервирај сега

Програма

11.12.2026 | ПЕТОК 
СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје. Полетување за Прага во 10:40 часот. Слетување во Прага во 12:55 часот. По царинските формалности следува организиран трансфер до хотелот. Сместување во хотел и слободно време. Во приквечерните часови, по предлог на придружникот на групата, можност за прво запознавање со Прага и организирана прошетка. Ноќевање.

12.12.2026 | САБОТА
РАЗГЛЕД НА ПРАГА – КРСТАРЕЊЕ ПО ВЛТАВА

Појадок во хотел. По појадокот следува организиран разглед на Прага со локален водич. Во рамки на разгледот се предвидени дел од најпознатите знаменитости: Карловиот мост Плоштадот на Малтешките витези Споменикот на Карло IV Кралскиот пат Еврејскиот кварт Париската улица Староградскиот плоштад Астрономскиот часовник – Орлој Црквата Лорето Градската куќа Прашната кула Националниот музеј Дворецот Храдчани Катедралата Св. Вито Златната улица Остатокот од денот е слободен за индивидуални активности.

Ноќно крстарење по Влтава 
Во вечерните часови можност за факултативно крстарење по реката Влтава и уживање во вечерната панорама на Прага. Ноќевање.

13.12.2026 | НЕДЕЛА
ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок во хотел. По појадокот можност за факултативна посета на Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка и едно од омилените места на европската аристократија. За време на посетата ќе имате можност да ги видите познатите топли извори и да се запознаете со лековитите својства на минералните води. Предвидено е слободно време за индивидуални прошетки, купување сувенири и локални производи карактеристични за Карлови Вари. Во договорено време враќање назад кон Прага. Слободно време. Ноќевање.

14.12.2026 | ПОНЕДЕЛНИК
ПРАГА – СКОПЈЕ

Појадок во хотел. По појадокот следува слободно време во Прага за индивидуални прошетки, шопинг и дополнително уживање во градот. Во договорено време следува организиран трансфер до аеродромот. Полетување кон Скопје во 21:20 часот. Слетување во Скопје во 23:20 часот.

Вклучено

Во цената е вклучено:
Лет и трансфери
Лет Скопје – Прага – Скопје
Аеродромски такси
Мала кабинска торба до 8 kg
Димензии на торба: 40 × 30 × 20 cm
Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром
Сместување и организација
Сместување во Hotel Ilf 3★
3 ноќевања на услуга BB – појадок
Разглед на Прага со локален водич
Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
Организација на аранжманот
Придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
Туристичка такса: 4 € по лице / ноќ – се плаќа во агенција
Посета на Карлови Вари со организиран трансфер – 50 €
Крстарење по Влтава – 20 €
Патничко осигурување
Билети за јавен превоз

Задолжително пријавување на една дополнителна екскурзија

Важна напомена за екскурзиите
Поради потребата од навремено резервирање на трансфери и влезници за наведените екскурзии, клиентите мора да се изјаснат за истите при резервација на патувањето.
Реализацијата на екскурзиите зависи од:
минимум 16 пријавени патници
достапност на влезници во моментот на резервација
Не се гарантира реализација доколку клиентот се одлучи за посета на лице место.
Реализацијата на основната програма не зависи од реализацијата на дополнителните екскурзии.

Забелешки

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници.
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
Доплата за еднокреветна соба 120е дополнително од цената на аранжманот.
Деца до 11,99 доколку се придружувани со 2 возрасни лица плаќаат 389е