
Будимпешта
Цена по лице
Цена по лице
Програма
09.10.2026 | ПЕТОК
СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок со групата на Меѓународниот аеродром во Скопје во 09:55 часот. Полетување за Будимпешта во 11:55 часот. Слетување во Будимпешта во 13:20 часот. Следува организиран разглед на градот со локален водич. Во рамки на разгледот се предвидени: Црквата Св. Стефан, улиците Андраши, Ракоци и Ваци и други знаменитости во централниот дел на Будимпешта. По разгледот следува сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
10.10.2026 | САБОТА
БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА – КРСТАРЕЊЕ ПО ДУНАВ
Појадок во хотел. По појадокот следува слободно време или можност за факултативна полудневна посета на Сент Андреа.
Сент Андреа
Сент Андреа е живописно гратче во близина на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и традиционалните народни ракотворби. Гратчето е богато со винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Следува разглед на градчето со претставник од агенцијата, а потоа слободно време за индивидуални прошетки и кафе. Во договорено време враќање назад во Будимпешта. Крстарење по Дунав Во вечерните часови можност за едночасовно крстарење по Дунав и уживање во прекрасната вечерна панорама на градот. Враќање во хотел. Ноќевање.
11.10.2026 | НЕДЕЛА
БУДИМПЕШТА – ВИЕНА
Појадок во хотел. По појадокот следува слободно време за индивидуални прошетки низ Будимпешта или можност за целодневна факултативна посета на Виена.
Виена
За време на посетата се предвидува прошетка покрај најпознатите градски знаменитости: Операта Парламентот Општината Rathaus Музејот на модерна уметност Градската палата Универзитетот Катедралата Св. Стефан Зимскиот дворец Hofburg Следува слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Виена. Во договорено време враќање кон Будимпешта. Ноќевање.
12.10.2026 | ПОНЕДЕЛНИК
БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ
Појадок во хотел.
Напуштање на собите и во договорено време организиран трансфер кон аеродромот.
Полетување за Скопје во 13:55 часот.
Слетување во Скопје во 15:20 часот.
Вклучено
Во цената е вклучено:
Лет и трансфери
Директен лет Скопје – Будимпешта – Скопје со Wizz Air
Мала кабинска торба до 8 kg
Димензии на торба: 40 × 30 × 25 cm
Трансфер аеродром – хотел – аеродром
Сместување и организација
Сместување во двокреветни соби
3 ноќевања со појадок
Пешачки разглед со локален водич
Организација на аранжманот
Придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
Посета на Сент Андреа – 35 €
Посета на Виена – 45 €
Крстарење со брод по Дунав – 25 €
Туристичка такса – 12 € по лице за целиот престој – се плаќа во агенција
Влезници за музеи и културно-историски споменици
Задолжително патничко-здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба – 96 €
Дополнителни екскурзии
СЕНТ АНДРЕА 35 €
Полудневна посета на живописното гратче Сент Андреа, познато по старата архитектура, народните ракотворби, винотеките, рестораните, музеите, галериите и црквите.
ВИЕНА 45 €
Целодневна посета на Виена со разглед на главните знаменитости и слободно време во центарот.
КРСТАРЕЊЕ ПО ДУНАВ 25 €
Едночасовно вечерно крстарење по Дунав со прекрасен поглед кон осветлената Будимпешта.
ЗАДОЛЖИТЕЛНА Е ЕДНА ДОПОЛНИТЕЛНА ЕКСКУРЗИЈА!
Забелешки
Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл. За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ