Прескокни кон содржината
Прага
Повлечи за повеќе слики
Чешка ПРОМО

Прага

Поаѓање12.02.2027
Враќање15.02.2027
Траење3 ноќи / 4 дена
Вид14-ти февруари
Превоз Авионски превоз✓ Вклучен во цената

Цена по лице

€299€379
При двајца во соба. Сами: €409
Резервирај сега

Програма

12.02.2027 | ПЕТОК СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје. Полетување за Прага во 06:15 часот. Слетување во Прага во 08:20 часот.
По завршување на царинските формалности следува организиран трансфер и разглед на градот со локален водич.
Разглед на Прага
За време на разгледот ќе имате можност да ги видите најзначајните знаменитости на чешката престолнина: Карловиот мост, Плоштадот на Малтешките витези, Споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад, Астрономскиот часовник Орлој, Црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица По завршување на разгледот следува трансфер до хотелот. Сместување. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.

13.02.2027 | САБОТА ПРАГА – ДРЕЗДЕН – ПРАГА 
Појадок. Препорачуваме целодневен факултативен излет до Дрезден.
Дрезден
Дрезден денес е главен град на германската покраина Саксонија, а некогаш бил дел од Источна Германија. Градот е познат по својот прекрасен саксонски архитектонски стил и богатството на монументални градби кои сведочат за славното минато на некогашното Кралство Саксонија., Стариот дел на градот е исполнет со величествени знаменитости, Палатата Звингер, Frauenkirche – Богородичната црква, Кралската палата, Зелениот трезор, Палатата Ташенбер, Августовиот мост Дрезден често се нарекува „Фиренца на Елба“ поради својата импресивна архитектура и уметничко наследство. Слободно време за индивидуални прошетки и активности. Враќање во хотелот во Прага. Ноќевање.

14.02.2027 | НЕДЕЛА ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА
Појадок. По појадокот можност за организирана посета на Карлови Вари. 
Карлови Вари
Карлови Вари е најпознатиот бањски центар во Чешка и едно од омилените места на европската аристократија. Градот е познат по своите термални извори и лековити минерални води. За време на посетата ќе имате можност да ги видите топлите извори, да се запознаете со лековитите својства на водите и да уживате во уникатната архитектура на овој прекрасен град. Слободно време за прошетка, кафе, индивидуални активности и купување сувенири и производи карактеристични за Карлови Вари. Враќање назад кон Прага. Слободно време. Ноќевање.

15.02.2027 | ПОНЕДЕЛНИК ПРАГА – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотелот. Во договорено време следува трансфер на групата до аеродромот. Полетување за Скопје во 13:10 часот. Слетување во Скопје во 15:10 часот.

Вклучено

Во цената е вклучено
Лет и трансфери
Лет Скопје – Прага – Скопје
Аеродромски такси
Мала кабинска торба до 8 kg (40 × 30 × 20 cm)
Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром
Сместување и програма
Сместување во хотел 3★ на услуга BB
3 ноќевања со појадок
Разглед на Прага со локален водич
Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
Организација на аранжманот
Придружник на патувањето

Во цената не е вклучено
Туристичка такса – 4 € по лице / ноќ, се плаќа во агенција
Посета на Карлови Вари со организиран трансфер – 70 €
Целодневна посета на Дрезден – 80 €
Крстарење по Влтава – 25 €
Пакет факултативи – 210 €
Патничко осигурување
Билети за јавен превоз

ВАЖНО 
Пријавувањето за факултативните посети се врши во агенција. За реализација на факултативите се потребни минимум 16 пријавени патници.

Забелешки

Општи напомени
Резервација се прави со уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосната уплата на аранжманот се врши 15 дена пред почетокот на истиот .
Цените на аранжманот се дадени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.
За реализација на аранжманот се потребни минимум 20 пријавени патници.
За ова патување е потребен пасош со важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот .
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот.
Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот во целост 5 дена пред датумот на започнување .
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците на локалитетите и музеите.
За време на панорамскиот разглед на градот не се предвидени посети во внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици.
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
Организаторот го задржува правото за промена на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.