
Париз во Септември
Цена по лице
Цена по лице
Програма
19.09.2026 | САБОТА
СКОПЈЕ – ПАРИЗ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 10:10 часот. Полетување кон Париз во 12:10 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот Буве (Beauvais) во 15:10 часот.
По пасошка и царинска контрола следува организиран трансфер до хотелот и сместување. По краток одмор, можност за пешачка тура со локален водич.
Враќање во хотел. Ноќевање
20.09.2026 | НЕДЕЛА
ПАРИЗ – ВЕРСАЈ – КРСТАРЕЊЕ ПО СЕНА
Појадок во хотел.
Дворец Версај
По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај, оддалечен околу 15 km од Париз.
Дворецот е изграден од францускиот крал Луј XIV и претставува ремек-дело на уметноста од XVII век. Во разгледот не се вклучени градините. По завршување на посетата, враќање назад кон Париз – околу 15 km. Следува слободно време во центарот на градот.
Крстарење по Сена
Можност за 1-часовно крстарење по реката Сена и доживување на Париз од поинаква перспектива.
Враќање во хотел. Ноќевање.
21.09.2026 | ПОНЕДЕЛНИК
ЛУВР – АЈФЕЛОВА КУЛА
Појадок во хотел.
Музеј Лувр
По појадокот можност за факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи – Лувр. Лувр околу 700 години бил резиденција на француските кралеви, сè до нивната преселба во Версај. Во музејот се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела, меѓу кои и светски познатата Мона Лиза.
Ајфелова кула
Во попладневните часови можност за индивидуална посета на Ајфеловата кула и уживање во неверојатната панорамска глетка, со можност за искачување до третиот кат.
Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел со метро.
Ноќевање.
22.09.2026 | ВТОРНИК
ПАРИЗ – СКОПЈЕ
Појадок во хотел и одјавување.
Организиран трансфер до аеродромот Буве (Beauvais). Полетување кон Скопје во 15:45 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 18:30 часот.
Вклучено
Во цената е вклучено
Лет и трансфери
Директен лет Скопје – Париз – Скопје со Wizz Air
Аеродромски такси
Мала кабинска торба 40 × 30 × 20 cm
Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
Сместување и организација
Сместување во хотел Ibis Paris Pantin Eglise 3★
Услуга BB – 3 ноќевањa со појадок
Организација на аранжманот
Придружник на патувањето
Во цената не е вклучено
Туристичка такса: 5 € по лице / ноќ – се плаќа во агенција
Доплата за еднокреветна соба: 150 €
Патничко осигурување
Билети за јавен превоз со метро – карнет за 10 возења
Дополнителни екскурзии
ПЕШАЧКИ РАЗГЛЕД СО ЛОКАЛЕН ВОДИЧ
25 €
Пешачки разглед на Париз со локален туристички водич.
ВЕРСАЈ
80 €
Влезница за дворецот
Локален водич
Трансфер
Градините не се вклучени во цената.
КРСТАРЕЊЕ ПО СЕНА
25 €
Крстарење со брод по реката Сена.
МУЗЕЈ ЛУВР
45 €
Индивидуална влезница со резервиран термин.
Задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција.
АЈФЕЛОВА КУЛА
Индивидуална посета. Влезницата се купува на лице место.
До втор кат: 28 €
До трет кат: 40 €
Цените се информативни и се однесуваат на пристап со лифт.
ДИЗНИЛЕНД
Цена за влезница се потврдува при уплата, поради променливиот карактер на цените.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА МИНИМУМ ДВЕ ЕКСКУРЗИИ ПРИ УПЛАТА ВО АГЕНЦИЈА!
Забелешки
Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ