Прескокни кон содржината
Прага
Повлечи за повеќе слики
Чешка ПРОМО

Прага

Поаѓање05.03.2027
Враќање08.03.2027
Траење3 ноќи / 4 дена
Вид8-ми март
Превоз Авионски аранжман✓ Вклучен во цената

Цена по лице

€369€449
При двајца во соба. Сами: €449
Резервирај сега

Програма

05.03.2027 СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје. Полетување за Прага во 06:15 часот. Слетување во Прага во 08:20 часот. По царинските формалности следува организиран трансфер и разглед на градот со локален водич.

Разглед на Прага Во рамките на разгледот се предвидени:

Карловиот мост 
Плоштадот на Малтешките витези Споменикот на Карло IV Кралскиот пат Еврејскиот кварт Париската улица Старомајскиот плоштад Астрономскиот часовник – Орлој Црквата Лорето Градската куќа Прашната кула Националниот музеј Дворецот Храдчани Катедралата Св. Вито Златната улица Следува организиран трансфер до хотелот. Сместување и слободно попладне. Ноќевање.

06.03.2027 ПРАГА – ДРЕЗДЕН – ПРАГА

Појадок. Препорачуваме целодневен факултативен излет до Дрезден.

Дрезден 
Дрезден е главен град на покраината Саксонија и град со богато историско и архитектонско наследство. Сместен на брегот на реката Елба, Дрезден е познат по карактеристичниот саксонски стил и бројните монументални градби. Стариот дел на градот е вистинска слика на неговото богато и славно минато. Меѓу позначајните знаменитости се: Палатата Звингер музејските колекции Frauenkirche Кралската палата Зелениот трезор Палатата Taschenberg Августовиот мост Дрезден често се споредува со „Фиренца на Елба“ поради својата архитектура, уметност и културно наследство. Во договорено време враќање во хотелот во Прага.Ноќевање.

07.03.2027 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА

Појадок. По појадокот следува можност за посета на Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка и омилено место на европската аристократија.

Карлови Вари 
Ќе имате можност да ги видите познатите топли извори и да се запознаете со традицијата поврзана со минералните води на градот. Следува слободно време за прошетка, индивидуални активности и можност за купување сувенири и локални производи. Во договорено време враќање кон Прага. Слободно време. Ноќевање.

08.03.2027 ПРАГА – СКОПЈЕ 
Појадок и одјавување од хотелот. Следува организиран трансфер на групата до аеродромот. Полетување за Скопје во 13:10 часот. Слетување во Скопје во 15:10 часот.

Вклучено

Во цената е вклучено

Лет и трансфери
Лет Скопје – Прага – Скопје
Аеродромски такси
Мала кабинска торба до 8 kg – 40 × 30 × 20 cm
Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром
Сместување и програма
Сместување во хотел 3★ на услуга BB
3 ноќевања со појадок
Разглед на Прага со локален водич
Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено

Туристичка такса – 4 € по лице / ноќ – се плаќа во агенција
Доплата за еднокреветна соба  - 80 €
Посета на Карлови Вари со организиран трансфер – 70 €
Целодневна посета на Дрезден – 80 €
Крстарење по Влтава – 25 €
Пакет факултативи – 210 €
Патничко осигурување
Билети за јавен превоз 

Поради потребата од навремено резервирање на трансфери и влезници за наведените екскурзии, клиентите мора да се изјаснат за истите при резервацијата на патувањето.
Реализацијата на факултативите зависи од бројот на пријавени патници.
За реализација се потребни минимум 16 лица.
Агенцијата не гарантира место во трансферот доколку клиентот се одлучи за екскурзија на лице место.
Реализацијата на основната програма не зависи од реализацијата на предложените екскурзии.

Забелешки

Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжмано
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ