
Рим
Цена по лице
Цена по лице
Програма
01.10.2026 | ЧЕТВРТОК
СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:10 часот. Полетување за Рим во 16:10 часот.
Пристигнување во Рим во 17:55 часот. По пристигнувањето следува организиран трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.
02.10.2026 | ПЕТОК
РИМ – ВАТИКАН – РАЗГЛЕД НА ГРАДОТ
Појадок во хотел. Ватикан По појадокот е предвидена можност за факултативна посета на Ватикан. Превозот е со метро, а разгледот трае приближно 2 часа. Во рамки на посетата се предвидени Ватиканските музеи Црквата Св. Петар Систинската капела .За време на посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните уметнички збирки: античките статуи, салата со таписерии, географските мапи од XVI век, салата со канделабри и собите насликани од Рафаело. Систинска капела. Посебно место зазема Систинската капела со делата на Перуџино, Ботичели и други светски познати сликари. Во периодот од 1508 до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет, а околу три децении подоцна го создал и прочуениот Страшен суд над олтарот. Прошетката низ Ватикан завршува на прекрасниот плоштад уреден од Бернини, еден од најзначајните уметници на италијанскиот барок. Организиран разглед на Рим По кратка пауза продолжуваме со можност за организиран панорамски разглед со локален водич, пеш и со метро, во времетраење од околу 3 часа. За време на разгледот се предвидени: Piazza Navona Пантеон Фонтана ди Треви Шпанските скали Via Condotti Via del Corso Piazza del Popolo Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
03.10.2026 | САБОТА
ТИВОЛИ – РИМ – КОЛОСЕУМ
Појадок во хотел.
Тиволи – Villa D'Este
По појадокот можност за полудневна факултативна посета на Тиволи. Предвидена е посета на комплексот Villa D'Este, чија палата и градини се вбројуваат меѓу најубавите ренесансни градинарски комплекси. По посетата следува враќање во Рим.
Црква Сан Клементе
Во Рим е предвидена посета на црквата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил.
Колосеум
Потоа следува разглед однадвор на една од најголемите римски знаменитости – Колосеумот. Колосеумот се наоѓа во близина на дворецот на Нерон – Domus Aurea и бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.
04.10.2026 | НЕДЕЛА
РИМ – СКОПЈЕ
Појадок во хотел и одјавување. Слободно време за индивидуални активности – прошетки, кафе, шопинг и дополнително уживање во Рим. Во договорено време следува организиран трансфер до аеродромот. Полетување кон Скопје во 18:00 часот со директен лет. Пристигнување во Скопје во 19:45 часот.
Вклучено
Во цената е вклучено:
Лет и трансфери
Директен лет Скопје – Рим – Скопје со Wizz Air
Аеродромски такси
Мала кабинска торба 40 × 30 × 20 cm
Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром
Сместување и организација
Сместување во двокреветни соби во хотел 3★ или 4★
Хотел во централно подрачје
3 ноќевања со појадок
Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
Организација на аранжманот
Придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
Доплата за 20 kg чекиран багаж
Доплата за еднокреветна соба – 105 €
Туристичка такса – 7,5 € по лице / ден
Билети за јавен превоз со метро
Патничко осигурување
Организиран разглед на Рим со локален водич – 25 €
Посета на Ватикан и Систинската капела – 70 €
Посета на Тиволи и Villa D'Este – 70 €
Задолжително пријавување на минимум една дополнителна екскурзија
Важна напомена за екскурзиите
Поради потребата од навремено закажување термини и купување влезници, дополнителните екскурзии мора да се пријават и уплатат во агенција при уплата на аранжманот.
Агенцијата не гарантира достапност на влезници доколку клиентот се одлучи за посета на лице место.
За реализација на екскурзиите се потребни минимум 16 пријавени лица.
Забелешки
Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
· Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
· Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
· За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;
· За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
· Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
· Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
· Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
· За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
· Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
· Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ