Прескокни кон содржината
CALIMERA BLEND PARADISE EX ( PARADISE HTL GOLDEN 5)
Повлечи за повеќе слики

CALIMERA BLEND PARADISE EX ( PARADISE HTL GOLDEN 5)

ХургхадаAll Inclusive

Локација

Се наоѓа во јужниот дел на Хургада, на околу 10 километри од центарот и аеродромот.

Сместување

Хотелот е реновиран и ќе биде отворен во февруари 2023 година. Се состои од 3 блока - главната зграда (пет ката), блокот Family suites (два ката) и блокот Family Rooms, кој нуди 422 сместувачки единици Хотелот нуди 422 сместувачки единиците и сите имаат балкон/тераса, клима, сателитска ЛЦД ТВ, фен, чајник, сеф. Тој е дел од комплексот Blend City.

Содржини

Во рамките на комплексот се наоѓа и еден од најголемите аква паркови во Хургада, кој зафаќа површина од 26.015 м2 (со повеќе од 36 тобогани). Некои од активностите вклучуваат фудбал, одбојка на плажа, пинг-понг, билијард, аеробик, анимација. Услуга за перење и пеглање, салон за убавина, паркинг, продавници, лекар, аптека, лимузина.

Услуга

Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, ручек и вечера (самопослужување - избор од неколку јадења според правилата на хотелот). Концептот вклучува локални алкохолни безалкохолни пијалоци и закуски. Хотелот ги нуди главниот ресторан Фенти, ресторанот Дивали (индиски ресторан), ресторанот Софра (ориентална кујна) и ресторанот Бууз (ужина). На гостите им се достапни и неколку барови. Платено: свежо цедени сокови, увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци и се останато надвор од концептот.

Плажа

Хотелот располага со сопствена плажа со постепен влез во морето.Користењето на чадори и лежалки е бесплатно за гостите на хотелот. 

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Calimera Blend Paradise Resort, Hurghada 1, Egypt

Отвори во Google Maps