Прескокни кон содржината
Вила Спирос
Повлечи за повеќе слики

Вила Спирос

Лефкада

Почетен текст

Вилата Spiros има убав уреден двор и е лоцирана на влез во Нидри, на 150м од плажа.

Вилата Spiros

има убав уреден двор и е лоцирана на влез во Нидри, на 150м од плажа, 1 км од центар на Нидри. Објектот располага со двокреветни студија, сите со поглед на море, опремени со тоалет со туш, кујна и балкон. Студијата се целосно реновирани во 2020 година.

 

Програма

Во цената не е вклучен превоз.Повратен превоз до Лефкада чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Лефкада:

-Скопје (Дрводекор) – 70€ по лице
-Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес -85€ по лице
-Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) -70€ по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Лефкада:

-Битола (спортска сала)-60€ по лице
-Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола -70€
-Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола -70€ по лице
-Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола -70€ по лице
– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена
– Деца до 1,99 години бесплатно ( не користи седиште )

Време на поаѓање за Лефкада:

-01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
-01:45 h Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) трансфер до Битола
-12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
-02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
-03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
-04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на перон)
-03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола
-02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
-02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансвер до Битола

Напомена

  • Употребата на клима уред во SPIROS е бесплатна (каде што е достапен),
  • Доплата за туристичка такса 2 €  по соба на ден (се плаќа во објектот)
    ** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
  • Можност за поставување на трето дополнително легло во студио, доплата +11€ / ден. (барање при резервација, во агенцијата)
    - Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице).

 

 

  • Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор.
  • Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
  • Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
  • Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.
  • Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
  • Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување..
  • Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
  • Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .

ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
Организаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени
во резервациите и во договорот за услуги

Локација

PP9C+GJ Perigiali, Greece

Отвори во Google Maps