
BELLAGIO BEACH RESORT & SPA (EX.PANORAMA BUNGALOWS HURGHADA)
Положба
Хотелот се наоѓа на околу 16 км од центарот на Хургада и околу 22 км од аеродромот.
Сместување
Вкупно 450 соби.
Bungalow rooms (28 m², на приземје, макс. 2 лица, поглед кон копно или море).
Deluxe rooms (32 m², макс. 2+1, поглед кон копно, базен или море).
Superior rooms (40 m², макс.3+1).
Family rooms (45 m², две сплани соби, едно купатило, макс. 3+2).
Bellagio suite (100 m², макс. 2+1).
Bellagio villa (100 m², макс. 2 лица).
Сите соби имаат приватно купатило со туш, фен, клима, балкон или тераса, сателистска ТВ, електричен бокал, сет за кафе и чај, мини бар, сеф, под со плочки.
Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера, закуски во текот на денот, лоби бар, кафе, чај и колачи, À la Carte ресторани со локална и италијанска кујна, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, детска и диететска храна, бар на плажа и покрај базен.
Со доплата се увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, сите пијалаци после полноч, пијалаци во лименка и шише, свежо цедени сокови, енергетски пијалаци, услуга во соба, наргиле.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани со локална, италијанска, азиска и морска храна, бар на плажа и покрај базен, лоби бар, бар со закуски, бар само за возрасни.
Со доплата доктор, перење и пеглање алишта, хемиско чистење, телефон, фотокопир, продавници, изнајмување кола. Wi-Fi е бесплатно на јавните површини од хотелот.
Плажа
Хотелска песочна плажа со платформа околу 400 m, еден помал дел со корален гребен, а поголемиот дел е пливачка зона со плитка вода. Чадорите за сонце и лежалките се бесплатни за гостите од хотелот.
Спорт и забава
Отворени базени за возрасни и деца (некои се загреани во зима), аква парк со 12 тобогани за возрасни и за деца, терени за разни спортови, одбојка на плажа, аеробик, бока (куглање на песок со топки), пинг-понг, теретана.
Со доплата се спортови на вода, третмани во СПА центарот, масажи.
Забавни програми во текот на денот, тематски вечери, мини клуб за деца.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Bellagio Beach Resort & Spa, Hurghada Red Sea، Egypt
Отвори во Google Maps