Прескокни кон содржината
ARABELLA AZUR RESORT
Повлечи за повеќе слики

ARABELLA AZUR RESORT

ХургхадаAll Inclusive

Локација

Хотелот Arabia Azur Resort се наоѓа во делот на Хургада наречен Ел Дахар или стариот град, на 3 км од Сакала и 8 км од аеродромот. Изграден е во ориентален стил. 

Сместување
Хотелот Arabella Azur Resort има 296 соби. Сите имаат бања, фен, ТВ, мини бар, сеф, клима, тераса. 

Содржини
Покрај главниот ресторан кој служи интернационална и ориентална кујна, гостите на хотелот имаат на располагање со дополнителна доплата и 2 a la carte ресторани, од кои еден е либански. Хотелот нуди 2 бара покрај базенот, снек бар на плажа, германски паб со различни пива, како и бар во централниот дел на хотелот каде се служат пијалоци и закуски. Дополнителните содржини вклучуваат салон за убавина, фризерски салон, продавници, менувачница и услуги за перење и пеглање. Интернетот е достапен во лобито на хотелот. Хотелот располага со два базени со посебен дел за деца. Гостите можат да се забавуваат и да се рекреираат со играње тенис, сквош, одбојка на плажа, пинг-понг, билијард или теретана, нуркање, сурфање и многу спортови на вода се достапни со дополнителни трошоци. Во склоп на бањата има сауна, парна бања, џакузи и разни видови масажи. 

Плажа
Хотелот располага со неколку приватни плажи, од кои една има постепен песочен влез во водата, додека останатите се отворени кон корален гребен или лагуна со влез во вода преку скали. Локацијата е идеална за сите љубители на нуркањето, бидејќи се достапни корали со богат подводен свет.  

Забелешка
Хотелот не е погоден за лица со проблеми и/или тешкотии во движење бидејќи нема прилагоден пристап без скали, итн.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Arabella Azur Resort, El-Bahr, street، Hurghada 1, Egypt

Отвори во Google Maps