
AMARINA ABU SOMA BEACH RESORT
Положба
Хотелот се наоѓа во заливот Сома, на околу 52 km од Хургада и аеродромот, на околу 8 km од центарот на Сафага.
Сместување
Вкупно 392 соби сместени во неколку згради на 3 до 5 ката (некои згради имаат имаат лифт, некои се без лифт).
Standard rooms (30-35 m², еден дупли или два единечни кревети, со поглед на копно, базен или море, купатило, макс. 2 лица).
Standard Triple rooms (30-35 m², три кревети, купатило, макс. 3 лица).
Standard quadruple rooms (35-40 m², четири кревети, купатило, макс. 4 лица).
Superior room (35-40 m², дупли кревет, софа, купатило, макс. 2+1 лице).
Standard family room (32-36 m², 2 посебни соби со дупли кревет во едната и два единечни кревети во другата, купатило, макс.2+2 деца).
Superior family rooms (36-42 m², 2 посебни соби со дупли кревет и софа во едната, и два единечни кревети во другата, купатило, макс.3+2 деца).
Deluxe rooms (36-42 m², со еден француски кревет и дополнително легло, купатило, макс. 3 лица).
Suite (65-90 m², една или две спални соби, дневна соба, купатило).
Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, телефон, мини бар (со доплата), клима, сателитска LCD телевизор, сеф, електричен бокал, сет за чај и кафе, Wi-Fi интернет со ограничена брзина, балкон или тераса.
Услуга
Сѐ вклучено - ран појадок, појадок, доцен појадок, ручек, вечера, доцна вечера À la Carte ресторани - Zeina (ориентална кујна), Luca Toni (италијанска кујна), Chopsticks (азиска кујна), микробранова и детско катче во главниот ресторан, лоби бар, бар со закуски на плажа, бар покрај базен, закуски во текот на денот, сладолед, палачинки, грицки, кафе, чај и колачи, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Со доплата: увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, Aqua Fun Bar, London Pub, сите пијалоци во периодот 00:00-10:00 часот, услуга во соба, наргиле и сѐ останато што е надвор од концептот.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани со ориентална, азиска, италијанска и интернационална кујна, барови низ хотелскиот комплекс.
Со доплата се доктор на барање, чување деца, перење алишта, телефон, факс, продавници, аптека, фотограф, изнајмување кола, компјутерски игри. Wi-Fi интернет е бесплатен на јавните места и во собите
Плажа
Хотелска песочна плажа долга 200 метри, каде помал дел е со корален гребен, а еден дел е простор за капење со плитка вода. Лежалки, чадори за сонце и крпи се бесплатни.
Спорт и забава
5 надворешни базени со посебен простор за деца и бебиња, 7 тобогани и детски базен со мини аква парк, ватерполо, аеробик и гимнастика, часови по танцување, пикадо, бока, одбојка на плажа, тениски терени, пинг понг, фитнес центар.
Со доплата се осветлување на тениски терени и тениска опрема, спортови на вода, нуркање, спа и велнес центар, билијард.
Забавни програми во текот на денот и навечер, мал дел со библиотека. Мини клуб за деца (4-7 год, детско игралиште.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Amarina Abu Soma Resort & Aquapark, Safaga, Egypt
Отвори во Google Maps