
ALADDIN BEACH RESORT
Локација
Хотелот се наоѓа на околу 17 км од центарот и околу 8 км од аеродромот.
Сместување
Хотелот е отворен во 1995 година, зафаќа површина од 134.400 м2 и нуди 489 сместувачки единици распоредени во двокатни згради, од кои сите имаат балкон/тераса, клима уред, сателитска LCD ТВ, фен за коса. Сефот е на рецепција.
Содржина
На гостите им се достапни бројни забавни и спортски објекти како и неколку ресторани и барови. Гостите на хотелот можат да ги користат плажата и базените во хотелот Али Баба. Хотелот нуди три базени за возрасни и три базени за деца, аква парк, дневна и ноќна забава, тениски терени, пинг-понг, аеробик, боче топка, одбојка на плажа.
Услуга
Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, ручек и вечера (самопослужување - избор од неколку јадења според правилата на хотелот). Концептот вклучува и закуски и локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Хотелот нуди главен ресторан и три a la carte ресторани. На гостите им се достапни и пет барови. Платени: a la carte ресторани, свежо цедени сокови, увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци и се останато надвор од концептот.
Плажа
Хотелот нуди сопствена плажа долга 150 метри со постепен влез во морето. Користењето на чадори и лежалки е бесплатно за гостите на хотелот.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Aladdin Beach Resort, Hurghada 1, Egypt
Отвори во Google Maps