
PRESTIGE ALANYA (ex EUPHORIA COMFORT BEACH)
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Махмутлар, 135 km од аеродромот во Анталија и 8 km од центарот на градот Аланија.
Сместување
Вкупно 394 соби.
Standard rooms (25 m², спална соба со еден француски кревет + единечен кревет или софа, едно купатило, макс.3+1 дете).
Standard room without balcony (18 m², една спална со француски кревет, едно купатило, макс. 2 лица).
Family side sea view rooms (40 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).
Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен за коса, сплит клима, телефон, мини бар (вода при пристигнување), сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет, керамички под и балкон.
Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни закуски, вечера и полноќна супа до 24:00 часот. Локални алкохолни и безалкохолни пијалаци до 24:00 часот, сладолед во одредени часови, детско бифе, снек бар на плажа со безалкохолни пијалаци и пиво на плажа помеѓу 10:00-17:00 часот.
Не се вклучени: сите увозни пијалаци, локални пијалаци после 24.00 часот, сите пијалаци во диско, сите пијалаци во лименка и шише, свежо цедени сокови, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, барови покрај базен и на плажа.
Доктор на барање, фризер, перална, телефон, факс се доплаќаат.
WI-FI интернет е бесплатен во целиот хотел.
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња, (има тунел под патот до плажата), со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа.
Спорт и забава
Надворешни базени за возрасни и деца, три тобогана, пинг-понг, фитнес центар, одбојка на плажа.
Со доплата: спортови на вода, масажа и спа, сауна, турска бања, билијард и компјутерски игри.
Програми за анимација во текот на денот и шоу во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4-12 години со разновидни програми, игралиште и мини Диско во вечерните часови.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Yeni Mah, Euphoria Comfort Beach Alanya, Yangılı Caddesi, Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps