Прескокни кон содржината
RUBI PLATINUM SIGN
Повлечи за повеќе слики

RUBI PLATINUM SIGN

АланијаUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација 


Хотелот се наоѓа во Турклер, на 22 км од градот Аланија. Аеродромот во Анталија е на 95 километри од хотелот.Хотелот е отворен е во август 2022 година, зафаќа површина од 25.000 m². 

 

Хотелот е на 7 ката и располага со 167 соби. 
Сите соби имаат: бања, фен, телефон, сеф (бесплатен), ТВ, централна клима, Wi-Fi (бесплатно), сет за кафе/чај, мини-бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво), балкон. 
Двокреветни соби со поглед на копно (брачен кревет, балкон, макс 2+1 лице, 36 m²) 
Двокреветни соби со поглед на море (брачен кревет, балкон, макс 2+1 лице, 36 m²) 
Фамилијарна соба со поглед на копно (2 спални соби со врата брачен кревет и два единечни кревети, балкон, поглед на околината, макс 4+1 лица, 42 m²), 
Фамилијарна соба со поглед на море (2 спални соби со врати брачен кревет и два единечни кревети, балкон, поглед на море , макс 4+1 лица, 42 m²). 
Супериор суит (2 спални соби, дневна соба со врати брачен кревет и два единечни кревети), 2 бањи, џакузи на балкон, балкон, поглед на море, макс 4+1 лице, 73 m²) 

Содржини 


Хотелот располага со главен ресторан, a la carte ресторан „Бистро“, 2 надворешни базени, внатрешен базен, 4 барови, аква парк (4 тобогани), конференциска сала, амфитеатар, спа центар, џакузи, сауна, турска бања (хамам), Wi-Fi, тениско игралиште, теретана, пикадо, пинг-понг, кошарка, одбојка на плажа, аеробик, пилатес, зумба, забава со пена, стрелаштво, мини фудбал, диско, анимација, музика во живо, детско мени, храна за бебиња (во ресторанот), детски базен, детски клуб (4-12 години), анимации, мини-диско, детски столчиња во ресторан, детско игралиште. Со доплата: доктор, масажа, пилинг, убавина салон, паркинг, фризер, бебиситерка, изнајмување тениска опрема, осветлување на тениски терени, моторни спортови на вода, перење и хемиско чистење. 

Плажа 


Хотелот има сопствена песочна плажа. Чадори за сонце, лежалки и пешкири на плажа се бесплатни за гостите на хотелот. 

Услуга 


Услугата во хотелот е Ultra All inclusive 24 часа послужување на храна и пијалоци, сервис за шведска маса за појадок, доцен појадок, ужина, ручек, ужина во текот на денот, вечера, закуски во доцните вечерни часови. Локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, коктели, сладолед производи за бебиња како Аптамил млеко, млеко, овошно млеко и овошен јогурт. Дополнително се наплаќаат специјални увозни пијалоци, специјални вина, À la Carte со претходна резервација, сите видови на флаширани пијалоци и пијалоци во лименки, собна услуга.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Türkler, Gölcük Cad No:21, 07407 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps