Прескокни кон содржината
LITORE RESORT HOTEL & SPA
Повлечи за повеќе слики

LITORE RESORT HOTEL & SPA

АланијаUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот е лоциран во регионот Окурчалар 30 км од Аланија и 90 км од аеродромот Анталија. 

Сместување 

Вкупно број на соби 259. 
Стандардни соби (32-46 м2, 1 спална соба, 1 купатило, макс. 2+2 лица), џакузи соба (34 – 40m², 1 спална соба, 1 купатило со џакузи, макс 3 лица), 
Фамилијарни соби (54m², 2 спални, 1 купатило, макс 4+1 лица). 
Сите соби се опремени со сопствено купатило со туш кабина, фен, централна клима уред (работење по часови, зависи од временските услови), директна телефонска линија, мини бар (вода, безалхохолни пијалоци, пиво се дополнуваат секој ден), електричен бокал, кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, балкон, WI-FI интернет конекција со мала брзина.

Услуга 

Ultra All Inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни снекови, кафе и чај, вечера и полноќна супа. Локални алхохолни и безалхохолни пијалоци пијалоци од 10:00 – 24:00 часот. Барот на плажа работи од 10:00 – 17:30 часот со брза храна, како и безалхохолни пијалоци и пиво. 
Со доплата: специјални увезени пијалоци и појалоци кои не се на менито, Суши Ала карте ресторан, специјални вина, сите флаширани пијалоци, свежи цедени сокови, Турско кафе, собна послуга, сите пијалоци после 24:00. Ultra All Inclusive – шампањ за добредојде за возрасни и различни пијалоци за деца, 24 часа шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни снекови, доцни снекови, сите локални и некои увезени пијалоци (увезените пијалоци се служат само во Лоби бар од 10:00 – 00:00 часот) и безалхохолни пијалоци, сладолед во одредени часови после пладне, снек бар на плажа, A’la Carte ресторани (Турски и рибен) со претходни резервации еднаш во текот на престојот.

Содржини

Главен ресторан на база шведска маса, A’la Carte ресторан: Sushi– кујна од Далечен Исток, Fish – рибен ресторанt, Osmanli – Турска кујна, барови низ целиот хотел. Доктор, чување деца, перална, хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, продавници, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција (мала брзина) е бесплатно. 

Плажа 

Приватна плажа, камчеста, 170 м од хотелот, бесплатен шатл сервис секој 15 минути, со лежалки и чадори како и пешкири за плажа се бесплатни. Приватните павиљони се со претходни резервации и со доплата. 

Спорт и забава 

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, 3 водни лизгалки, фитнес центар, Турска бања, сауна, парна бања, одбојка на плажа, гимнастика и пинг понг. 
Се доплаќа: Спа центар, водни спортови, масажи, билјард и компјутерски игри. Дневни и вечерни анимации, натпреварувања покрај базенот и на плажата, вечерни шоу програми, Мини клуб за деца од 04-12 год. Со дневни и вечерни програми.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Okurcalar Şarburun Merkez Cad No:5, Okurcalar, Şarburun Merkez No:5, 07415 Okurcalr/Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps