
ALIBEY RESORT SIDE
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Хотелот се наоѓа во областа Соргун, на околу 2 км од Сиде и на околу 50 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотелот располага со вкупно 429 сместувачки единици во вили (лоцирани во градина со богата флора).
Стилот на вилите потсетува на вилите покрај Босфорот во Истанбул. Сите соби имаат : бања со када или туш, фен, бањарка, папучи, 24-часовна централна клима, директна телефонска линија, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, 35 cl црвено и 35 cl бело вино, пиво, суво овошје, чоколадо се надополнува секој ден), сеф, сет за кафе и чај, сателитска ТВ и музички канали, Wifi, плочки, балкон.
Делукс соби (30-36 м2, 1 спална соба со два посебни кревети (110х200) или со еден француски кревет (180х220) + една фотелја, едно купатило.
Фамилијарна соба (61 м2, 2 посебни спални, едната со брачен кревет, другата со 2 единечни кревети, 2 бањи - едната со џакузи, другата со туш.
Фамилијарна дуплекс (62 м2, спална соба на приземје 34 м2 за родители со брачен кревет, спална соба на прв кат 28 м2 за деца со 2 единечни кревети, 2 бањи - едната со џакузи, другата со туш.
Делукс соба (48 м2, 1 спална и 1 дневна поврзана со врата, бања, само француски балкон,, макс 2 +1 ден.
Услуга
Ultra All inclusive шведска маса за појадок, доцнен појадок, ручек и вечера, ужина помеѓу оброците, ужина доцна навечер и ран појадок, сите Домашни и увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, отворен или пакуван сладолед цел ден, свежи овошни сокови за појадок, мини бар во собите, детски и диетално бифе.
Со доплата сите стари премиум пијалоци, услуга во соба, специјални домашни и увозни вина и шампањ, ресторани A'la Cart со претходна резервација и доплата.
Плажа
Хотелот има песочна плажа со лежалки, чадори и крпи без доплата. Павилјоните се со претходна резервација и доплата.
Спорт и забава
Отворени базени за возрасни и деца, аква парк со неколку лизгалки за возрасни и деца (за базенот има два лифтови за лица со посебни потреби), тивок базен со природен камен, Кнајп-терапевтски базен, турска бања, сауна, одбојка на плажа, фудбал на плажа, пинг-понг, мини голф, пикадо и стрелаштво бесплатно, забавна програма со стручен тим во текот на денот, натпревари, шоу програми во вечерните часови, мини клуб за деца и тинејџери, детски ресторан, плејлисти, специјална програма во текот на денот и навечер.
Со доплата масажа и терапии, Wellness & Spa, тениски терени (39 професионални терени) - курс и опрема, фитнес студио (без доплата за меѓународни членови), спортови на вода.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Side, Adnan Menderes Blv. No:26, 07760 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps