Прескокни кон содржината
ALIBEY CLUB MANAVGAT
Повлечи за повеќе слики

ALIBEY CLUB MANAVGAT

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Хотелот се наоѓа во Сиде, во регионот Кизилот, на 12 километри од Манавгат и околу 60 километри од аеродромот во Анталија.

Сместување

Хотел има вкупно 443 сместувачки единици. Собите се сместени во двокатни блокови со интересна турска архитектура. Сите соби имаат: бања со туш, фен, клима, директна телефонска линија, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво се надополнува секој ден), сеф, сателитска ТВ и музички систем, Wi-Fi, плочки, балкон.
Стандардни соби (26 м2, една спална соба со француски кревет + дополнителен кревет, едно купатило, макс 2+1 лице).
Семејни соби (40 м2, две делумно одвоени соби, едно купатило, макс 2+2 лица).
Супериорни стандардни соби (26 м2, со нова декорација, една спална соба, едно купатило, макс 3 лица).
Супериор семејни соби (40 м2, две спални соби одвоени со врата, голема бања, нова декорација, макс 4 лица).

Услуга

Ultra All inclusive на база на шведска маса  за појадок, доцна појадок, ручек, вечера, ужина помеѓу оброците, диететско катче, детско и без глутен катче во главниот ресторан, сите домашни и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свеж сок од портокал само за појадок, отворен 24 часа и сладолед во пакување.
Концептот на UAI не вклучува: премиум увозни пијалоци, ресторан A'la Carte со претходна резервација, специјални домашни и увозни вина и шампањ, свежи овошни сокови во текот на денот.

Содржини

Главниот ресторан, A'la Carte ресторани, барови и снек барови во рамките на хотелскиот комплекс.
Со доплата посебно според правилата на хотелот : лекарска услуга, перална, хемиско чистење, детска нега, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри,  изнајмување на автомобили. WiFi е бесплатен низ целиот хотел.

Плажа

Хотелот има  песочна плажа. Лежалки, чадори и пешкири за плажа се бесплатни. Приватни павилјони на плажа со претходна резервација и со доплата.

Спорт и забава

Надворешни базени за деца и возрасни, еден отворен тивок базен само за возрасни (деца под 15 години не смеат да влезат), голем аква парк со 25 лизгалки за возрасни и деца, , турска бања, сауна, одбојка на плажа, фудбал на плажа, мини фудбал, кошарка, пинг-понг, џогирање, пикадо, стрелаштво, забавна програма во текот на денот и вечерна програма организирана од забавниот тим, музика во живо, мини клуб за деца и тинејџери во текот на денот и навечер. Авантуристичкиот парк се состои од 36 различни патеки и должина од 380 m, со доплата и со претходна резервација.
Со доплата: тениски терени (62 земјени игралишта), тениска опрема, часови по тенис, мини голф, спортови на вода, соба за игри, фитнес, Спа центар.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Turizm Merkezi Ali Bey Club Park, Kızılağaç, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps