
VICTORY BE MINE
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот е лоциран во областа Colakli, на 15км од центарот на Сиде, 15км од Manavgat и на 45км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Стандардни соби (28-32 м2, една соба и едно купатило, макс. 2+1 лица) Економски соби (28м2, една соба, едно купатило, без балкон, на последен спрат, макс. 2+1 лице) Стандард делукс соби (42м2, спална соба со дневна, едно купатило, макс. 2+1 лица) Фамилијарни соби (35м2, две одвоени спални соби со врата, една соба со француски лежај, а другата со два стандардни кревети, едно купатило, макс. 4 лица) Супериор фамилијарни соби (42м2, две одвоени спални соби со врата, една соба со француски лежај, а другата со два стандардни кревети, едно купатило, макс. 4+1 или 5 лица) Luxury terrace соби (43м2, од кои собата е 28м2, а терасата е 15м2, едно купатило, макс. 2+1 или 3 лица) Premium terrace соби (43м2, од кои собата е 28м2, а терасата е 15м2, тераса со џакузи, едно купатило, макс. 2+1 или 3 лица) King Suite (90м2, една саплна соба со француски лежај, купатило со туш кабина, голема дневна соба со кујна, 50м2 голема тераса, макс. 2+2 или 4 лица) Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина или када, фен, централна клима, сателитска ТВ со музички канали, директна телефонска линија, мини бар, сет за кафе и чај, сеф, паркет, тераса/балкон.
Услуга
Ултра се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужина во текот на денот, вечера, A’la Caret ресторани, домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-24:00 часот, одредени увозни алкохолни пијалоци. Сладолед во одредено време, храна и пијалоци во барот на плажа од 10:00-17:00 часот.
Содржини
Главен ресторан на шведска маса, A’la Carte ресторани (италијански, Мексички, Азиски и рибен ресторан), две слаткарници (Carpe Diem, Vanilla Pastry), 7 барови во хотелскиот комплекс (лоби бар, бар на плажа, бар на базен, Havana бар, Sunset Premium бар, диско). Дополнително се плаќа: доктор, перална, телефон, факс, брза интернет конекција, рент а кар. Бесплатно WiFi во лоби.
Плажа
Хотелска приватна плажа, на 1000 метри од хотелот. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за на плажа се бесплатни. Бесплатен шатл превоз од хотел до плажа.
Спорт и Забава
Отворени и затворени базени за деца и возрасни, аква парк со 5 тобогани, фитнес, турска бања, сауна, пинг понг, одбојка на плажа, пикадо, гимнастика, забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми, мини клуб за деца од 4 до 12 години со различни програми во текот на денот, игралиште за деца. Дополнително се наплаќа: спортови на вода, билјард, СПА Центар (козметичар, фризер, масажа).
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Çolaklı, 07550 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps