
UTOPIA RESORT & RESIDENCE
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Хотелот се наоѓа во регионот Avsalar. Одалечен е 25 км од Аланија и 90 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотел располага со 368 сместувачки единици. Секоја соба располага со: бања со туш кабина, фен, влечки, сплит клима, мини бар, сет за кафе и чај, сеф, САТ ТВ со музички канали, ламинат, балкон или тераса.
Стандардни соби (26 м2, спална соба, бања, макс 2+1 лица),
Фамилијарна соби (43 м2, две спални соби одделени со врати, бања, макс 4 лица),
Резиденција фамилијарна соби (49 м2, две спални соби одделени со врати, дневна, бања, макс. 4 лица),
Хотелот има соби за хендикепирани лица.
Услуга
Ultra All Inclusive на база на отворено бифе - самопослужување (шведска маса) за појадок, доцен појадок, ручек, ужина, вечера, полноќна супа, локални и стандардни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-24:00 часот, сладолед во одредено време, ресторан на плажа од 10:00-18:00 часот.
Со доплата: премиум увезени пијалоци, сите увезени пијалоци кои не се на списокот на менито, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, специјални вина, A la Carte ресторани со резервација, собна услуга.
Содржина
Главен ресторан на отворено шведска маса, A la Carte ресторани со резервација, барови во хотелскиот комплекс.
Со доплата: лекар, перална и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, rent-a-car.
Плажа
Хотелот има сопствена песочната плажа. Чадори, лежалки и пешкири за плажа безсплатно.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, теретана, турска бања, сауна, тениски терени, пинг понг, одбојка на плажа, кошарка, мини голф, забавни програми во текот на денот, вечерни шоу програми, мини клуб (од 4-17 години, поделено по возрасни групи), мини кино, игралиште, мини диско.
Со доплата: спортови на вода, SPA и Wellness услуги, масажa, осветлување за тениски терени, часови по тенис и нуркање, билијард.
Забелешка
Хотелот е реновиран во 2019 година.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Aksoy sokak, Avsallar Kasabası, İncekum Cd. no 6, 07410 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps