Прескокни кон содржината
TITANIC DELUXE LARA
Повлечи за повеќе слики

TITANIC DELUXE LARA

ЛараUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Lara

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во Лара на 12 km од  центарот на градот и 10 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 640 соби во главна и споредни згради во градината.
Главна зграда:
Standard rooms (26 m², главна зграда или анекс, една спална соба со француски кревет + софа, едно купатило, макс.2+2 лица).  
Annex Family room  (39 m², лоцирани кај океанскиот базен и детскиот базен во двокатни згради, долниот кат има една главна спална соба и втора соба со кревети на кат, горниот кат на фамилијарните соби има една главна соба и втора соба со два единечни кревети, сите соби се одвоени со врата, макс.3+1дете).
Junior suits (65-85 m², главна зграда, една спална соба со простор за седење, едно купатило, макс. 3 +1).
Duplex suit (65 m², главна зграда, на горниот спрат има брачен кревет и е како галерија, не е одвоен со врата од долниот спрат, долу има дел за седење и два единечни кревети, едно купатило, тераса со џакузи, макс. 3 +1 лица).
Colonel suit (120 m², главна зграда, две одвони спални соби, дневна соба, две купатила, едното е со џакузи, макс. 4 лица).
Admiral suit (80-150 m², лоцирани на последниот кат од хотелот, две одвоени спални соби, две купатила, едното е со џакузи, макс. 4 лица).
Сите соби се со балкон или тераса, со поглед на море или копно, купатила со туш кабини, фен за коса, бањарки, влечки, телефон, централен систем за климатизација, мини бар (вода, сокови, апетисани, чипс се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, тепих на подот, ЛЕД телевизор со сателитски програми, WI-FI интернет.

Услуга

Делукс Сѐ вклучено - 24 часовна услуга за храна и пијалаци – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски во текот на денот крај базенот или на плажа, сладолед во одредени часови, полноќна закуска и ран појадок, детско бифе и бебешко катче, вегетаријанско бифе, свежо цеден сок од портокал за време на појадокот. Локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци се бесплатни.
Не се вклучени: увозен шампањ, локални и увозни високо квалитетни вина и луксузни пијалаци, коњак и 12 год старо виски. À la Carte рестораните се со претходна резервација и со доплата, свежо цеден сок (освен за појадокот), услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан Parkfora, À la Carte ресторани:  Pascarella (италијански), Yamas-грчка кујна со сиртаки шоу(еднаш во неделата) , Nori (јапонски), Beef Grill Club (стек ресторан), барови низ хотелскиот комплекс, бар покрај базен во текот на денот, бар на плажа, лоби бар, диско бар.
Продавници, фризер, перење и хемиско чистење, доктор, чување деца, телефон, факс се доплаќаат.
WI-FI интернет е бесплатен во целиот хотел.

Плажа

Хотелска приватна песочна плажа. Крпи за на плажа, лежалки и чадори за сонце се бесплатни.
Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата.

Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени, базен за деца, олимписки и полуолимписки  базени,  тобогани - аква парк, тениски терени, кошарка, одбојка на плажа, фитнес центар, сауна, турска бања, парна соба, пинг-понг, пикадо.
Со доплата: осветлување на тениски терени, тениска опрема, фудбалски терен, спортови на вода, куглање, билијард, соба со игри, Wellness & Spa центар се со доплата.
Забавни програми  во текот на денот, натрпревари на базен и плажа со професионален тим, вечерни музички шоу програми. Kikoa kids club (реновиран) – мини клуб за деца од 1-17 години со различна програма според возраста на децата. 

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Merkezi, Güzeloba, Lara Turizm Yolu, 07230 Muratpaşa/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps