Прескокни кон содржината
SWANDOR KEMER
Повлечи за повеќе слики

SWANDOR KEMER

КемерUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Swandor Kemer 5* се наоѓа во регионот Кириш. Оддалечен е 6 км од Кемер и 65 км од аеродромот во Анталија.

Сместување

Хотелот вкупно има 800 сместувачки единици.
Комфорни соби (33-38 м2, во зградата на клубот, спална соба со брачен кревет + еден единечен кревет + софа кревет, бања, макс 3+1 лице),
Kомфорт Семејни соби (63 м2, во клубови, 2 спални соби одделени со врата, едната со брачен кревет, другата со два единечни кревети + софа кревет, 2 бањи, некои соби имаат една, а некои имаат два балкона, макс 4+ 1 лице),
Комфорни дуплекс семејни соби (62-70 м2, на две нивоа, една спална соба со брачен кревет, една соба со единечни кревети + два софа кревети, 2 бањи, макс 4+2 лица)
8 соби за лица со посебни потреби.
Секоја сместувачка единица располага со: бања со туш кабина, фен, централна клима, сателитска ТВ и музички канали, директна телефонска линија, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци се надополнуваат секој ден), сет за кафе и чај, сеф, тепих или паркет, папучи, Wi-Fi интернет конекција.

Услуга

Ultra all inclusive на база на шведска маса - самопослужување, избор од неколку јадења (шведска маса) за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, доцна вечера и рано појадок, детско мени во главниот ресторан, ужина во текот на денот, сладолед во одредено време, сите домашни и некои стандардни алкохолни и безалкохолни пијалоци, бар на плажа од 10:00-18:00 часот кој служи сокови и пиво.
Концептот UAI не вклучува: специјални увезени пијалоци, специјални и флаширани вина, A'la Carte ресторани - со претходна резервација и доплата, свежи овошни сокови, енергетски пијалоци, сите пијалоци во Nirvana Karaoke Club , наргиле, услуга во соба.

Содржина

Главен ресторан базиран на отворено шведска маса - самопослужување, избор од повеќе јадења (шведска маса), A'la Carte ресторани (италијански, турски, риби), лоби бар, бар покрај базен, бар на плажа, диско бар.
Со доплата: лекарска услуга, деловен центар, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, перална, хемиско чистење, чување деца, мини маркет, продавници, фризер, изнајмување на автомобил. Wi-Fi бесплатно во фоајето и собите.

Плажата

Приватната плажа на хотелот со камчиња и песок. Лежалки, чадори и пешкири за плажа се бесплатни. Приватните павилјони на плажа - со доплата.

Спорт и забава

Отворени и затворени базени за деца и возрасни, лизгалки, базен за релаксација, игралиште за деца, тениски терени, пинг-понг, кошарка, одбојка, одбојка на плажа и фудбал, сауна, турска бања, теретана, забавни програми во текот на денот, натпревари на базен и на плажа, вечерна шоу програма, музика во живо, диско на отворено, тематски забави во просторот за забави Xone, Рино клуб за деца - мини клуб за деца од 4 до 14 години, игралиште за деца, специјални игри, детско бифе во ресторанот, мини диско навечер.
Со доплата: спортови на вода, осветлување за тениски терени, билијард и компјутерски игри, куглање, училиште за нуркање, Спа и велнес центар.

Забелешка

Xотелот целосно e реновиран во 2023 година 

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Kiriş, Sahil Cd. No 9, 07980 Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps