Прескокни кон содржината
SUSESI LUXURY RESORT HOTEL
Повлечи за повеќе слики

SUSESI LUXURY RESORT HOTEL

БелекUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Belek

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во Белек на 35 км од аеродромот и 40 км од центарот на Анталија. 

Сместување 
Вкупно 554 соби. Делукс соби (40м², главна зграда и Lake House, една спална соба со француски кревет и кревет или фотелја на расклопување, едно купатило, макс. 2+2 лица). Делукс супериор соби (63м², лоцирани во terrace houses на првиот или вториот кат, собите кои се на првиот кат имаат тераса со пристап на градина, без пристап и без поглед кон базенот. Собите на вториот кат се со пристап на базен со балконски скали, собите се поделени на два дела, во едниот е француски кревет, зад параванот има две софи, едно купатило, макс. 4 лица). Фамилијарни триплекс соби (115м², лоцирани во lake houses на 4тиот кат со пристап кон базенот со балконски скали, две спални на вториот кат и една на третиот кат, дневна соба на приземјето, три купатила, макс.6 лица). Сениор апартмани (76м², лоцирани во главната зграда и Lake houses, една спална соба, една дневна соба (која може да биде и спална), две купатила, макс 4 лица). Сите соби се со сопствено купатило со када или туш, фен, бањарка, влечки, централна клима, телефон, сеф, мини бар (вода, сокови, пива, грицки), електричен бокал, сет за чај и кафе, сателитска LCD ТВ и музички канали, Wi Fi интернет, балкон или тераса. Собите во главната зграда се со поглед море или градина, додека собите во делот на terrace houses се со поглед градина. 

Услуга 
Ултра Сѐ вклучено - шведска маса 24 часа, појадок, доцен појадок, ручек, попладневна закуска, кафе, колачи, чај, вечера, полноќна закуска, ран појадок, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цедени сокови, пијалоци во витамин барот, мини бар со сокови и пиво, ресторан за доцна ужина, À la Carte ресторан (турски, мексикански) со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Премиум луксузни пијалоци, увозни и специјални вина, услуга во соба, флаширани пијалоци, Bacus Wine house, наргиле, À la Carte ресторан (Steak House, Далечен исток, италијански, морска храна) се со претходна резервација и се со доплата. Содржини Turquoise - главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторан: Tugra (турски), Paprica (италијански), Ada (мексикански), Cassia (кинески и јапонски), Alesta (рибен), Tumanna (калифорниски стек хаус), Bakus (винарија), барови низ хотелскиот комплекс, диско бар. Доктор, чување дете, фризер, перална и хемиско чистење, интернет кафе и компјутерски игри, изнајмување кола, продавници се со доплата. Wi Fi интернет е бесплатен. 

Плажа 
Хотелска песочна плажа. Лежалки, чадори, пешкири за на плажа се бесплатни. Павилјоните на плажа и крај базенот се со претходна резервација и со доплата. 

Спорт и забава 
Надворешени и внатрешени базени за деца и возрасни, аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, тениско игралиште, пинг понг, мини фудбал, сквош, одбојка на плажа, гимнастика. Со доплата: осветлување на тениските игралишта, часови по тенис, спортови на вода, СПА & Wellness центар, професионални фудбалски игралишта, голф, билијард, куглање, соба со игрици. Забавни програми во текот на денот, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4-16 години, поделени по возрасни групи со дневни програми.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Belek, Susesi Luxury Resort, Serik/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps