
SUNRISE RESORT
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот е лоциран во Кизилагач, 8 km од Манавгат и 75 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 223 соби во главна зграда и 220 соби во клуб зградите.
Hotel building:
Standard hotel rooms land view (28 m², една спална соба со француски кревет + софа, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Standard hotel rooms sea view (25 m², една спална соба со француски кревет, едно купатило, макс. 2 лица) и
четири соби за лица со попреченост.
Hotel corner terrace room (123 m², една спална соба со француски кревет, едно купатило, голема тераса со џакузи, макс. 2 лица).
Hotel Family room (44 m², две посебни спални соби, две купатила, макс. 4 лица).
Sunrise Jacuzzi Suit (137 m², една спална соба, една дневна соба, две купатила, макс. 2+1 лице).
Club rooms:
Club superior rooms (28 m², една спална соба со француски кревет + софа, едно купатило, макс. 2+1 лица).
Club family rooms (52 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица - реновирани во 2018 год.).
Club duplex family rooms (65 m², една спална соба на приземје, дневна соба со софа, на горниот кат има софа, две купатила, макс. 5 лица).
Сите соби се со сопствени купатила со када и туш кабина, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (вода, сокови и пиво се дополнуваат секој ден), кафе, чај, сеф, под со тепих, (паркет во клуб собите), сателитска ТВ и музички канали, балкон, WI-FI интернет (ниска брзина) е бесплатен.
Услуга
Ултра сѐ вклучено – шведска маса за ран појадок, појадок, ручек, закуски, вечера, сите локални и увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, свежо цедени сокови само за појадок, сладолед во одредени часови од денот, слаткарница, À la Carte ресторани (турски, индиски, мексикански и монголски) со претходна резервација еднаш во текот на престојот.
Не е вклучено: специјални и луксузни увозни пијалаци, флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, специјални вина, услуга во соба, други À la Carte ресторани со доплата и претходна резервација.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани – Santa Lucia* (италијански), Sunset (рибен ресторан), Miyako* (суши), Ganesha* (индиска кујна), Moulin Rouge* (француска кујна), Azteka* (мексиканска кујна), Sini (турска кујна), BBQ ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална, хемиско чистење, фризер, продавници, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, изнајмување кола се доплаќаат. Wi-FI интернет во сите соби и околу хотелот е бесплатен (со ниска брзина).
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори и крпи за плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, аква парк, фитнес центар, тениски терени (само 2 од нив се бесплатни), пинг понг, кошарка, одбојка на плажа, мини фудбал, гимнастика. Со доплата; спортови на вода, тениски терени, осветлување на тениски терени, билјард, куглање, јавање коњи, професионални терени за фудбал.
Дневни и вечерни анимации за деца и возрасни, натпревари покрај базен, на плажа. Мини клуб за деца од 4-16 год, расподелени по групи според возраста.
ЗАБЕЛЕШКА: * Се сервира во хотелот Starlight Resort
Хотелот е реновиран во зима 2017 / 2018 година.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Kızılağaç, Sunrise Resort Hotel, Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps