Прескокни кон содржината
SULTAN OF SIDE HOTEL
Повлечи за повеќе слики

SULTAN OF SIDE HOTEL

СидеAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Хотелот се наоѓа во областа Evrenseki 12км од Manavgat и 65км од аеродромот во Анталија.  

Сместување 
Вкупен број на соби 334. Стандардни соби (34m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице), Фамилијарни соби со кревети на спрат (34m², една спална соба одделена со параван, каде има кревет на спрат за деца, едно купатило, макс. 2+2 лица), Фамилијарни соби (41m², две спални соби со врата измеѓу, едно купатило, макс. 4+1 лице), Економски соби (25m², една спална соба, едно купатило, макс. 2 лица). Сите соби се со приватно купатило со туш кабина и фен, клима уред, телефон, мини бар, сеф (се доплаќа), сателитска телевизија и музички канали, балкон. 

Услуга 
All inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладневно кафе, време за чај и колачи, вечера, закуска доцна навечер, сладолед за време на одредени часови, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 – 24:00 часот, бар на плажа и бар за закуски од 10:00 – 18:00 часот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина, A’la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, послуга во соба. 

Содржини 
Главен ресторансо шведска маса, A’la Carte ресторани – Турски, Италијански, Рибен, барови, Disco club. Доктор, бебиситер, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, услуги за перење, сушење и пеглање, шопинг центар, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција (мала брзина) во лоби е бесплатна. 

Плажа 
Хотелска плажа, 250м од хотел (5 минути пешачење), камчиња и песок, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа. 

Спорт и забава 
Внатрешни и надворешни базени за возрасни и деца, аква парк, фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг- понг. Се доплаќаат: спортови на вода, Wellness центар и центар за убавина, масажа, билијард. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и шоу програми навечер, мини кино, мини клуб за деца од 4-12 години, игралиште, различни програми во текот на денот, мини диско навечер.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Evrenseki, Sultan Of Side Hotel, Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps