
CALIDO SOL HOTEL (EX.STELLA BEACH)
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Хотелот е лоциран во регионот Окурчалар, 25 км од Сиде, 35 км од Аланија и 90 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно број на соби 247. Стандардни соби 177(1 спална, 1 купатило, макс 2+1 лице), фамилијарна соба со креветчиња на спрат 60(1 голема соба со кревети на спрат, макс 2+2 лица). Сите соби се опремени со сопствено купатило со када, туш и фен, посебен клима уред, директна телефонска линија, мини бар (само вода се надополнува секој ден), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, утрешни снекови, ручек, попладневни снекови, вечера, сите локални алхохолни и безалхохолни пијалоци до 24Ч часот, А ла карте ресторани со претходна резервација и се користат еднаш во време на еден престој бесплатно. Се доплаќа: увезени пијалоци, свежи цедени сокови, сите пијалоци во диско, пијалоците во Лоби барот после 24Ч00 часот, сите флаширани пијалоци, сладолед, коктели, еспресо и капучино.
Содржини
Главен ресторан на база шведска маса, А ла карте ресторани – Отомански и Италијански ресторани, Лоби бар, снек бар покрај базените. Доктор, чување на деца, перална, телефон, факс и интернет, фризер, продавници со доплата. Ви Фи интернет конекцијата е бесплатна во Лоби областа.
Плажа
Приватна плажа, камчеста, со лежалки и чадори за сонце, пешкири за плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, 3 водни лизгалки, Туркска бања, сауна, фитнес центар, одбојка на плажа, пинг понг. Се доплаќаат; масажи, џакузи, билјард, водни спортови. Дневни и вечерни анимации, натпревари, шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 год. Со дневни и вечерни децки програми.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Okurcalar, Hotel Stella Beach, River Tourism Center, Okurcalar Alara Yolu, Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps