Прескокни кон содржината
SPICE HOTEL
Повлечи за повеќе слики

SPICE HOTEL

БелекUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Belek

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во областа Белек, 35 км од аеродромот и 40 км од центарот на Анталија. 

Сместување 
Вкупен број на соби 546 во главна зграда и споредна зграда. Стандардни соби ( 36 м2, една соба и една бања, главна зграда , макс 2+1 лица), Pool соби ( 35м2 , една соба и една бања, во споредна зграда, макс 2+1 лица), 6 соби за хендикепирани лица, Фамилијарни соби ( 72 м2, две соби одвоени со врата, купатило во споредна зграда, макс 4 лица).Сите соби се со сопствена бања со туш, када, фен, централна клима(работи во зависност од временсите услови) , телефон, мини бар (секој ден се дополнува со сокови, вода, пиво, млеко), сеф, сателитска тв, музички канали, паркет на под и тераса, WI-FI. Специјални соби,Суит соби ( 67 м2 , 2 спални соби, бања, или една спална, дневна и бања во главна зграда макс.5 лица), Duplex суити ( 55 м2 , две спални соби со скали, не се одвоени со врата, бања, главна зграда, макс.5 лица), Honeymoon суити (55м2,една спална соба со дневна,едно купатило со џакузи, голема тераса, главна зграда, макс.2 лица), King суит (185м2, две спални соби, две купатила со џакузи, дневна со трпезариска маса, два балкони, главна зграда, макс.5 лица) , Претседателски суит(500м2, со просторна тераса, три спални соби со купатила,дневна соба, трпезарија,џакузи, соблекувална,главна зграда, макс.8 лица). Во градината во склоп на хотелот има дел со вили: 22 executive вили, сите вили се декорирани во ориентален стил. 

Услуга 
Ултра Cе вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, пладневна ужина, вечера, вечерна ужина, свежо цеден сок за време на доручек, сладолед за време на оброците во главниот ресторан, сите домашни и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, чај и кафе. Храна и пијалоци се достапни 24 часа. A’La Carte рестораните се со претходна резервација, увозно шампањско, флаширани вина,луксузни пијалоци, услуга во соба, свежо цеден сок (освен за појадок), Defne-VIP ресторан, дополнително се наплатуваат. Содржини Ishot- главен ресторан, A’La Carte ресторани: Kisnish (турска кујна), Zeytin (италијанска кујна), Kekick (медитеранска кујна), Wasabi (азиска кујна), Barbeque -скара. Барови и снек барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, шопинг центар, перална и хемиско чистење, rent a car се наплатуваат. WI-FI интернет во соби и во секој дел од хотелот бесплатно. 

Плажа 
Приватна песочна плажа со пешкири, душеци, чадори за сонце и лежалки кои не се наплатуваат. Приватните павиљони на плажа и на базен се со претходна резервација и со доплата. 

Спорт и забава 
Отворени и затворени базени за возрасни и деца (полуолимписки отворен базен), Аква парк со 7 лизгалици, фитнес центар, сауна, Турска бања, тениски терени, одбојка и кошарка. Салон за убавина, Спа центар, куглање, билјард,компјутерски игри, спортови на вода, голф терените дополнително се наплатуваат. Забавна програма во текот на денот и специјални шоу програми за деца и возрасни навечер. Мини клуб со игралиште за деца од 04-12 год.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Belek, Spice Hotel & SPA, İskele Mevkii, Serik/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps