
SIDE ALEGRIA HOTEL & SPA (Adults Only)
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Кумкој, оддалечен само 8км од центарот и 55км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 300 лоцирани во една главна и две анекс згради (2 спрата, без лифт и преку улицата, на 220м од плажа). Стандардни соби во главна зграда (спална соба, купатило, мах.3 лица), Економски соби во анекс (спална соба, купатило, мах. 2 лица). Сите соби се исто опремени (во главна зграда и анекс), со купатило со туш, фен, сплит клима уред, телефон, мини бар (вода само при доаѓање), сеф (со доплата), под со ламинат, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Се вклучено – шведска маса за појадок, ручек, попладневно кафе, чај и торти, вечера, вечерни закуски, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-23.00 часот, бар на плажа од 10.00-16.30 со безалкохолни пијалоци и пиво. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, свежо цедени сокови, турско кафе, сладолед, сите флаширани пијалоци, специјални вина, собна услуга, пијалоци во диско клубот, A’la Carte ресторани, Patisserie. Содржина Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторан – Турска и Италијанска кујна, барови покрај базен, бар на плажа, бар во лоби. Со доплата: доктор, перална, телефон, интернет кафе, изнајмување на автомобил, шопинг центар. Wi-Fi интернет конекцијата е бесплатна во лоби.
Плажа
Хотелска песочна плажа, на 200м од хотел. Лежалките и чадорите за сонце се бесплатни, пешкирите со доплата.
Спорт и Забава
Надворешни и внатрешни базени, лизгалки на водам фитнес центар, пинг-понг. Со доплата: турска бања, сауна, масажа, билијард, велнес и центар за убавина, компјутерски игри, тениски терен, спортови на вода. Забавни програми – анимација во текот на денот и вечерта.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Ilıca, Side Alegria Hotel & Spa, Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps