
SHERWOOD EXCLUSIVE LARA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Lara
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Лара, 10км од аеродромот во Анталија и 10км од центарот на Анталија. Хотелот е на плажа.
Сместување
Вкупен број на соби 499 во два главни објекти. Стандардни соби: 396 (29м², една спална, купатило, макс.2+1 лица), Јуниор фамилијарни соби: 17 (35м², една голема соба поделена со параван, макс.2+2 лица), Фамилијарни поврзани соби: 45 (57м², две спални одвоени со врата, две купатила, макс. 4 лица), Страндардни суит соби: 14 (46м², една спална, простор за дневен престој, едно купатило со Џакузи, макс.2 лица), Фамилијарни соби: 13 (40м², две спални поврзани со врата, едно купатило, макс. 4 лица), Delux соби: 10 (57 м², една спалн и една дневна соби поврзани со врата, едно купатило, макс.4 лица), Соби за хендикепирани лица: 4 . Сите соби се со балкон, тепих на под, купатило со када, туш, фен, телефон, централна клима која работи според временските услови, сеф, мини бар (вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска ТВ и музички канали, интернет. WI-FI интернет.
Услуга
Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, колачи, вечера, ужина во доцна навечер, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, кафе, чај, свежо цеден сок од портокал за појадок, сладолед, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пиво се дополнуваат секој ден), A’la Сarte ресторани со предходна резервација за минимум за една недела престој. Специјалните увозни пијалоци, свежо цедениот сок (освен за појадок), услуга во соба, флаширани пијалоци, енергетски пијалоци, се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан-шведска маса, A’la Сarte ресторани: Sapore – Италијанска кујна, Lalezar – Турска кујна, Selenge - Монголска кујна, снек ресторан, лоби бар, бар покрај базен, бар на плажа, диско клуб. Доктор, чување деца, перална, услуга во соба, фризер, rent a car, шопинг центар, телефон, факс и компјутерски игри дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет е бесплатен.
Плажа
Песочна хотелска плажа, со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат. Приватни павилјони со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Два отворени базени за возрасни и два за деца, затворен базен за возрасни и деца, Аква парк (6 лизгалици за возрасни и 3 за деца), фитнес центар, Турска бања, сауна, џакузи, соба со пареа, тениски игралишта, кошарка, одбојка на плажа, пинг понг, немоторни водени спортови, не се наплатуваат. Осветлување за тениските игралишта и опрема, билијард, куглање, масажа, салон за убавина и SPA центарот, компјутерски игри, моторните водени спортови дополнително се наплатуваат. Забавна програма во текот на денот и специјална шоу програма навечер. Мини клуб за деца од 04 – 12 и тинејџерски клуб од 13 – 17 со специјална програма.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Kemerağzı, Sherwood Exclusive Lara, Lara Cd., Aksu/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps