Прескокни кон содржината
SHERWOOD EXCLUSIVE KEMER
Повлечи за повеќе слики

SHERWOOD EXCLUSIVE KEMER

КемерUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот е лоциран во областа Гојнук, 9км од Кемер, 45км од центарот на Анталија и 55км од аеродромот во Анталија.  

Сместување 
Вкупен број на соби 482 во 45 двокатни и трокатни вили. Стандардни соби: 104 (29м², макс.2+1 лица)-една спална со француски кревет+единечен кревет, Супериор соби: 56 (35м², макс.3+1 лица)-една спална со француски кревет или два единечни кревети, еден единечен кревет и една софа, едно купатило, Lagoon соби: 20 (29м², макс.2+1 лица)-една спална и едно купатило, Lagoon Супериор соби: 82 (35м², макс.3+1 дете)-една спална со француски кревет+еден единечен кревет+софа и едно купатило, Делукс соби: 19 (29м², макс.2+1 лица)-една спална и едно купатило, Делукс супериор соби: 85 (35м², макс.3 лица)-една спална со француски кревет+единечен кревет+софа и едно купатило, Фамилијарен суит: 48 (58-70м², макс.4 лица)-две спални одвоени со врата и две купатила, Swim up соби 34 (35м², макс.2+1 лица)-една спална и едно купатило, директен пристап на базен. Сите соби се со купатило со туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, ламинат на подот (само собите во приземјето имаат плочки на подот), мини бар (вода, сокови и пиво, се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, бесплатен Wi-Fi интернет бесплатен во соба, балкон или тераса. 

Услуга 
Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, ран појадок, A’la Carte појадок, ручек, ужина во утринските и попладневните часови, колачи, сладолед, вечера, полноќна закуска, A’la Carte ресторани (Турски и Италијански) со резервација и само еднаш за време на престојот, посебен дел за деца, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Дополнително се наплаќаат- флаширани пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови (освен за појадок), A’la Carte ресторани (рибен и Далечен Исток) со резервација, енергетски пијалоци, услуга во соба. 

Содржини 
Главен ресторан Fusions со шведска маса, A’la Carte ресторани (Turquoise-Турска кујна, Basillico-Италијанска кујна, Mama Cocha Fish-рибен ресторан, Weribashi-Кинеска кујна), лоби бар, Витамин бар, бар покрај базен и бар на плажа. Доктор, чување деца, перална, фризер, продавници, интернет кафé и компјутерски игри, rent a car, дополнително се наплаќаат. Бесплатен Wi-Fi интернет во целиот хотел. 

Плажа 
Хотелска приватна плажа, со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат. Приватни павиљони со резервација и се наплаќаат. 

Спорт и забава 
Отворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес, Турска бања, сауна, тениски игралишта, пинг понг, мини голф, кошарка, одбојка на плажа. Спортови на вода, масажа, Спа центар и цалон за убавина, осветлување на тениски терени, билијард и компјутерски игри, дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот, натпревари и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 5-12 год. и Тин клуб за деца од 13-17 год.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Cumhuriyet mahallesi, Sherwood Exclusive Kemer, Ahu Ünal Aysal Cad, Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps