Прескокни кон содржината
SHERWOOD DREAMS RESORT
Повлечи за повеќе слики

SHERWOOD DREAMS RESORT

БелекUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Belek

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот е лоциран во областа Богазкент, 50км од Анталија и 40км од аеродромот во Анталија. 

Сместување 
Вкупен број на соби 304, во една главна зграда со четири крила. Стандардни соби: 223 (27м², макс.3 лица)-една спална-брачен или два одвоени кревети+еден единечен кревет и едно купатило, Фамилијарни соби: 52 (45м², макс.4 лица)-две спални одвоени со врата, едно купатило, Делукс соби: 26 (32м², макс.2 лица)-една голема соба со Џакузи на балкон или во соба, Големи соби: 12 (35м², макс.2+2 лица)-една спална и едно купатило и три соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (вода, сокови и пиво, се дополнува секој ден), електричен бокал и сет за кафе и чај, сеф (се наплаќа), сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет, ламинат на подот, балкон или тераса. 

Услуга 
Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ужина во утринските и попладневните часови, ручек, вечера, полноќна закуска, сладолед, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-24:00 часот, мини бар во соба, сладолед, свежо цедени сокови за појадок, A’la Carte ресторани со резервација и само еднаш за време на престојот, локални пијалоци во Диско клуб. Дополнително се наплаќаат-специјални увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови (освен за време на појадок), увозни пијалоци после 24:00 часот, енергетски пијалоци, услуга во соба, увозни пијалоци во Диско клуб. 

Содржини 
Главен ресторан Marca со шведска маса, A’la Carte ресторани (Terra-Интернационална кујна, Pomodoro-Италијанска кујна), барови околу хотелскиот комплекс, Диско клуб. Доктор, перална и хемиско чистење, телефон, факс, компјутерски игри, продавници, фризер, rent a car, чување деца, дополнително се наплаќаат. Бесплатен Wi-Fi интернет во целиот хотел. 

Плажа 
Хотелска плажа, песочна. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат. 

Спорт и забава 
Отворен и затворен базен (затворениот базен не работи во лето) за возрасни и деца, лизгалици на вода, игралиште за деца, фитнес, сауна, Турска бања, тениски игралишта, одбојка, кошарка, одбојка на плажа, гимнастика. Сите спортови на вода, осветлување на тениски игралишта, опрема за тенис, часови за тенис, куглање, билијард, школо за нуркање, Спа центар, салон за убавина, дополнително се наплаќаат. Забавна програма во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 5-12 год. со специјална програма, Луна парк кој работи во одредени часови.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Boğazak Mahallesi, Sherwood Dreams Resort, 29. Sokak, Serik/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps