
SENZA GRAND SANTANA HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот е лоциран во Mahmutlar регионот , 135 км од аеродромот во Анталија и 7 км од центарот на Аланија.
Сместување
Вкупен број на соби 307. Стандардни соби 262 (220-25м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+2 лица), Фамилијарни суит соби (35м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4+1 лице). Сите соби се со купатило со када, туш, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (се наплаќа), сеф (се наплаќа), сателитска ТВ и музички канали, ламинат на под, балкон.
Услуга
Се вклучено-од 10.00-23.00ч. шведска маса за појадок, доцен појадок ручек, попладне колачи, чај, кафе, вечера, полноќна ужина. Сите локални алкохолни и безалкохолни до 23.00ч, бар со ужина и сокови на плажа до 17.00ч. Увозни пијалоци, храна и пијалоци по 23.00ч, пијалоци во диско, свежо цедени сокови, сладолед, услуга во соба, А’la Cаrte ресторан со претходна резервација, Турско кафе, коктели, алкохолни пијалоци во барот на плажа се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, еден А’la Cаrte ресторан, барови на плажа и покрај базено. Доктор, фризер, сервис за перење и пеглање, телефон, сеф, факс, интернет и компјутерски игри дополнително се наплатуваат. Wi-Fi интернет конекција во лобито и во отворените делови од хотелот се наплаќа.
Плажа
Хотелска плажа, со песок и камчиња (има тунел под патот), лежалки и чадори за сонце не се наплаќаат. Пешкири за на плажа со доплата.
Спорт и забава
Отворен и затворен базен со дел за деца, лизгалици на вода, пинг понг, фитнес центар, одбојка на плажа, Турска бања. Спортови на вода, сауна, соба со пареа, масажа, дополнително се наплаќаат. Мини клуб за деца од 04-12 год. и детско игралиште.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Mahmutlar, SENZA Grand Santana Hotel, Cumhuriyet Caddesi, Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps