Прескокни кон содржината
SEADEN VALENTINE RESORT & SPA
Повлечи за повеќе слики

SEADEN VALENTINE RESORT & SPA

СидеAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy, оддалечен 4 км од СИде и 70 км од аеродромот во Анталија. 

Сместување 
Вкупен број на соби 200 во една зграда. Стандардни соби (32m², една спална соба, едно купатило, макс. 3 лица). Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, клима, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со безалкохолни пијалоци), сеф (со доплата), сателитска ТВ, ламинат на подот, балкон. 

Услуга 
All inclusive – пијалок за добредојде, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утринска и попладневна ужина, вечера, доцна ужина, сите локалнио алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот. Не е вклучено: сите видови увозни пијалоци, специјални вина, послуга во соба, сите пијалоци по 24:00 часот, пијалоци во Wellness центар. 

Содржини 
Главен ресторан со шведска маса, барови околу хотелскиот комплекс, A’la Carte ресторани – Турска кујна, Италијанска кујна, кујна од Далечниот Исток. Доктор, услуги за перење и пеглање, интернет, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конкеција во Лоби, на јавни места и во собите е бесплатен. 

Плажа 
Хотелска плажа, на 200 метри од хотелот, песочна со камчиња, лежалки, чадори и пешкири се бесплатни. 

Спорт и забава 
Надворешни и внатрешни базени за возрасни, фитнес центар, одбојка на плажа, пинг понг. Со доплата спортови на вода, билјард, масажа, SPA & Wellness центар. Забавни програми во текот на денот и вечерните часови.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Side, Seaden Valentine Resort & Spa, Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps