Прескокни кон содржината
SEADEN SEA WORLD RESORT
Повлечи за повеќе слики

SEADEN SEA WORLD RESORT

СидеAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во областа Kızılağac 15км од Manavgat и 70км од аеродромот во Анталија. 

Сместување 
Вкупен број на соби 528 во три блокови. Стандардни соби (30m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице) , фамилијарни соби (50m², две спални соби одвоени со врата помеѓу, едно купатило, макс.4 лица), Стандардни comfort соби се исти како сите стандардни соби но со директен поглед на море на горните спратови и 6 соби за лица со хендикеп. Сите соби се со приватно купатило со када или туш кабина и фен, клима уред, телефон, мини бар (се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци и пиво при пристигнување, се заменува вода секој ден), електричен бокал, сет од кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, WI-FI интернет конекција, балкон. 

Услуга 
All inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладневно кафе, време за торта и чај, вечера, закуска доцна навечер, , бифе навечер, сладолед за време на одредени часови, сите алкохолни и безалкохолни пијалоци (еден бар е отворен 24 часа), A’la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот, бар на плажа од 10.00 – 18.00 часот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, Турско кафе, свежо цедени сокови, специјални вина, послуга во соба, сите пијалоци во Wellness центар и во Night Club. 

Содржина 
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Турски, Италијански и кујна од Далечен Исток, барови околу хотелскиот комплекс, Disco club. Доктор, бебиситер, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, услуга за перење, сушење и пеглање, шопинг центар, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција во целиот хотел е бесплатна. 

Плажа 
Хотелска плажа, каменчиња и песок, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа. 

Спорт и Забава 
Внатрешни и надворешни базени за возрасни и деца, Аква парк, фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, тениски терени, пинг понг. Се доплаќаат: спортови на вода, центар за убавина, масажа, осветлување за тениски терени, опрема и часови по тенис, билијард. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и шоу програми навечер, мини клуб за деца од 04-12 години.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Kızılağaç, Seaden Sea World Resort & Spa, Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps