Прескокни кон содржината
SEADEN COROLLA
Повлечи за повеќе слики

SEADEN COROLLA

СидеAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во Кумкој на 4км од Сиде и 64км од аеродромот во Анталија. 

Сместување 
Вкупно 404 соби. Стандардни соби (20м², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице). Економски соби (20м², една спална соба, едно купатило, макс. 2 лица). Стандардни комфорт соби (20м², една спална соба, едно купатило, на спрат, страничен поглед на море или базен, одјавување од соба до 15:00 часот, макс. 2+1 лице). Фамилијарни соби (40м², две спални соби, одвоени со врата, едно купатило, макс. 2+2лица). Фамилијарна соба со кревети на спрат (30м², две одвоени спални соби, една со француски лежај, друга со кревети на спрат, едно купатило, макс. 2+2лица). 4 соби за хендикепирани лица. Сите соби се со приватно купатило, со туш кабина, фен, централна клима, телефон, сеф (со доплата), мини бар (со доплата), сет за кафе и чај (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, керамички подови. 

Услуга 
Сѐ вклучено - отворена шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни колачи, кафе и чај, вечера, доцна вечерна ужина, сладолед во одредени часови, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 до 24:00 часот, À la Carte ресторани со претходна резервација, и само еднаш во текот на престојот во само еден ресторан, бар на плажа од 10:00 до 17:00 часот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина, турско кафе, услуга во соба, сите пијалоци во центарот за убавина и спа, пијалоци после 24:00 часот, и пијалоци во диско клубот. 

Содржини 
Главен ресторан з шведска маса, À la Carte ресторани - турски и италијански, барови ни целиот комплекс, диско клуб. Доктор, перална, фен, чување деца, интернет, компјутерски игри, шопинг центар, изнајмување кола е со доплата. WI - FI интернет во лоби и на базен е бесплатно. 

Плажа 
Хотелска плажа со песок и камчиња на 300м од хотелот. Лежалки, чадори за сонце и пешкири бесплатно. Бесплатен превоз до плажа во текот на денот. 

Спорт и забава 
Отворен и затворен (не работи во лето) базен за деца и возрасни, лизгалки, фитнес центар, одбојка на плажа, пинг понг. Со доплата: спортови на вода, турска бања, сауна, спа и центар за убавина, масажи, билијард. Забавни програми со професионални тимови во текот на денот и шоу програми навечер, мини клуб за деца од 4 до 12 години, игралиште, дневни програми, мини диско навечер.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Side, Seaden Corolla Hotel, Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps