
SAPHIR RESORT & SPA HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Окурчалар на 33км од Аланија и 90км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 333 соби. Стандардни соби (30m², една спална со француски кревет + единечен кревет, макс. 2+2 лица), Фамилијарни поврзани соби (39m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица), Апартмани (43m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.5 лица ), Апартмани за меден месец (52m², една спална соба со француски кревет, дел за седење, едно купатило со џакузи, макс.2 лица), Quality соби со поглед на море (30m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице). Сите соби се со сопствено купатило со када, туш , фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (вода и сокови при пристигнување, потоа се надополнува само со вода), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, тепих на подот, сателитска ТВ и музички канали.
Услуга
Сѐ вклучено плус - шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска закуска, ручек, попладневно кафе, колачи, чај, вечера, полноќна ужина, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, сладолед во определени часови. Локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00- 24.00. Увозни пијалоци, свежо цедени сокови, турско кафе, сите флаширани пијалоци, лименки, услуга во соба се наплаќаат.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторан – турски и италијански со претходна резервација и еднаш за престој од 7 ноќевања. Доктор, чување дете, фризер, перална, интернет, телефон, факс, продавници, изнајмување кола се со доплата. Wi Fi интернет во лобито е без доплата.
Плажа
Хотелска плажа со песок и ситни камчиња. Лежалки и чадори се бесплатни, крпи за на плажа се со депозит.
Спорт и забава
Надворешен и внатрешен базен за деца и возрасни, 3 лизгалици на вода, тениско игралиште, мини фудбал, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг, фитнес центар, сауна. Со доплата: спортови на вода, турска бања, масажа, СПА и центар за убавина, осветлување на тениско игралиште, билијард, соба со компјутерски игри, центар за нуркање. Забавни програми во текот на денот, натревари на базен и на плажа, вечерни забавни програми, кино на отворено за деца. Мини клуб за деца од 04-12 години.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Okurcalar, Saphir Resort & Spa, Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps