
SAPHIR HOTEL & VILLAS
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Конакли, 12км од Аланија и 110км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 668 соби. Има соби во главната зграда и во вилите. Хотелски стандардни соби во главната зграда (26m², една спална, едно купатило, макс. 2+2 лица), хотелски Quality стандардни соби (26m², една спална соба, едно купатило, поглед на море, макс.2+2 лица), Еко соби (26m², само на првиот кат се и се без поглед). Villa Elite junior (27m², една поголема соба, едно купатило, макс.3 лица), Villa standard deluxe (30m², во новиот блок, една спална, едно купатило, макс. 2+2 лица) Villa Family deluxe suit ( 35m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4+1 лице). Сите соби се со сопствено купатило со када или туш кабина, фен, централна клима која работи според временските услови во хотелската зграда или сплит клима уред во вилите, телефон, мини бар (вода и сокови при пристигнување, потоа се надополнува само со вода), сет за чај и кафе во собите во вилите, сеф (со доплата), тепих на подот во главната зграда и плочки во собите во вилите, сателитска ТВ и музички канали, балкон или тераса.
Услуга
Сѐ вклучено плус - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневно кафе, колачи, чај, полноќна супа, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24.00, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, сладолед во определени часови. Увозни пијалоци, свежо цедени сокови, пијалоци во лоби бар (освен чај, кафе и вода), услуга во соба дополнително се наплаќаат.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, еден À la Carte ресторан – турски, италијански, рибен, барови низ хотелскиот комплекс. Доктор, чување дете, фризер, интернет кафе, продавници, изнајмување кола се со доплата. Wi Fi интернет во лобито е без доплата.
Плажа
Хотелска плажа со песок и ситни камчиња. Лежалки и чадори се бесплатни, крпи за на плажа се со депозит.
Спорт и забава
Надворешен и внатрешен базен за деца и возрасни, лизгалици на вода, тениско игралиште, одбојка, мини фудбал, одбојка на плажа, пинг понг, турска бања, сауна, фитнес центар. Со доплата: масажа, осветлување на тениско игралиште, спортови на вода, СПА и wellness центар, центар за нуркање, билијард и компјутерски игри. Забавни програми во текот на денот, вечерни забавни програми. Мини клуб за деца од 04-10 години, игралиште за деца, мини кино и мини Диско во вечерните часови.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Konaklı, Saphir Hotel & Villas, Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps