Прескокни кон содржината
SAILORS BEACH CLUB
Повлечи за повеќе слики

SAILORS BEACH CLUB

КемерUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот е лоциран во областа Kiris, 7км од Кемер и 70км ос аеродромот во Анталија. 

Сместување 
Вкупен број на соби 296, во четири згради. Клубски стандардни соби 214 (22м², една спална, едно купатило, макс.2+1 лица), Клубски фамилијарни соби 63 (25м², една голема соба со кревети на спрат, макс.2+2 лица), Суит фамилијарни соби 16 (50м², една спална, една дневна, едно купатило, макс.5 лица). Сите соби се со балкон или тераса, со поглед на море или градина, купатило со туш, фен, клима сплит систем, телефон, плочки на подот, мини бар (секој ден се сополнува со вода), сет за кафе и чај, сеф (се наплаќа), сателитска ТВ и музички канали. 

Услуга 
Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне колачи, чај и кафе, вечера, A’la Carte ресторани со резервација, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-24.00ч., сладолед во одредени часови од денот. Дополнително се наплаќаат - увозни пијалоци, свежо цедени сокови, A’la Carte ресторани, пијалоци во Диско клуб. 

Содржини 
Главен ресторан со шведска маса, снек бар, бар покрај базен и лоби бар. Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, интернет, продавници, rent a car, дополнително се наплаќаат. Wi-Fi интернет конекција бесплатен во лоби. 

Плажа 
Хотелска приватна плажа, со камчиња. Лежалки на плажа, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат. 

Спорт и забава 
Отворен и затворен базен за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес, сауна, Турска бања, парна бања, тениски игралишта, одбојка на плажа, мини фудбал, пинг понг, пикадо. Осветлување на тениски игралишта, опрема за тенис, масажа, билијард, спортови на вода, компјутерски игри, школа за нуркање, дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот, натпревари и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 год. со специјални програми.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Kiriş, Sailor’s Beach Club, Sahil Caddesi, Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps