Прескокни кон содржината
ROYAL WINGS HOTEL
Повлечи за повеќе слики

ROYAL WINGS HOTEL

ЛараUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Lara

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во областа Лара, 15км од аеродромот во Анталија и 17км од центарот на Анталија. Хотелот е на плажа. 

Сместување 
Вкупно 457 соби. Супериор стандардни соби (36 м²; една спална со француски кревет + еден единечен кревет, купатило, макс.3+1 дете ). Јуниор Апартмани (70 м², една спална и една дневна соба, купатило со туш во секоја соба + џакузи во спалната, макс. 4 лица). Дуплекс фамилијарни соби (48 м²; дуплекс соби, на горниот кат има спална за родителите и купатило со туш, на долниот кат уште една спална со два одвоени кревети, нема врата помеѓу катови, купатило со туш, макс.4 лица). 2 Кралски апартмани (80 м², две спални и една дневна соба, две купатила, едното е со џакузи, макс. 4 лица). 4 соби за лица со попреченост. Сите соби се комфорни со балкон, купатило со туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, тепих на подот, мини бар (безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ, музички канали, WI-FI интернет конекција. 

Услуга 
Ултра Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, диететска храна, храна за деца, ужина на плажа, вечера, доцна вечерна ужина. Сите локални безалкохолни и алкохолни и стандардни увозни пијалоци, чај, кафе, сладолед за време на ручек и вечера, сладолед за време на ручек и вечера. Услуга во соба, свежо цеден сок, увозен шамањ, некои стари виски, коњак и сите флаширани локални и увозни вина се со доплата. À la Сarte ресторани со претходна резервација (2 дена претходно) со доплата. 

Содржини 
Главен ресторан - шведска маса, À la Сarte ресторани - Sаhan (турска кујна), Gondol (италијанска кујна), Bambo Garden (кујна од Далечниот Исток), Deep Sea (морска храна), Stek- House ресторан, Olive (медитеранска кујна), слаткарница, барови околу хотелскиот комплекс со 24 часовна услуга. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, фризер, салон за убавина, изнајмување кола, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, продавници дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет со ниска брзина во хотелот е бесплатен. 

Плажа 
Хотелска песочна плажа со лежалки, чадори за сонце и крпи кои не се наплатуваат. 

Спорт и забава 
Надворешен и внатрешен базен (затворен за време на летната сезона) за возрасни и деца, голем Аква парк (9 лизгалици на вода и базен со бранови) и забавен парк за деца. Фитнес центар, турска бања, сауна, џакузи, соба со пареа, тениски игралишта, одбојка на плажа, пинг понг се бесплатни. Осветлување на тениските игралишта, часови по тенис, масажа и пилинг, куглање, билијард, спортови на вода, школа за нуркање, салон за убавина и SPA центарот дополнително се наплатуваат. Забавна програма со натпревари во текот на денот, вечерно шоу со професионална екипа. Мини клуб за деца од 4-12 години, мини диско во вечерните часови.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Kemerağzı, Royal Wings Hotel, Aksu/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps